Тетоважите и пирсингот на исто ниво како филерот и ботоксот – Иницијатива за законски измени за доброто на пациентите

February 11, 2025
1 min read

Здружението за естетска медицина, во соработка со стручни здруженија од областа, иницира измена и дополнување на Законот за јавно здравје, со фокус на регулирање на медицинските естетски процедури. Подносители на иницијативата се Здружението на дерматовенеролози на Македонија, Македонската асоцијација на пластични, реконструктивни и естетски хирурзи и Здружението за естетска медицина.

-Предложените законски измени имаат за цел да го спречат извршувањето на естетски медицински интервенции од лица без соодветна медицинска квалификација. Со ова ќе се подигнат стандардите за безбедност и квалитет, спречувајќи несоодветна примена на процедури што можат да го загрозат здравјето на пациентите, велат тие.

Во постојниот Закон за јавно здравје, одредени интервенции како што се тетоважите, пирсингот и акупунктурата се третираат на исто ниво со медицински процедури како што се инјектирање на филери, ласерски третмани и липосукција.

-Оваа недореченост, особено во член 33, создава правна сива зона што овозможува немедицински лица да спроведуваат интервенции кои треба да бидат во надлежност на здравствени професионалци, вели специјалистот по дерматовенерологија Анџела Илиева.

Во насока на подигнување на свеста и стручната едукација, на 22 февруари 2025 година во Скопје ќе се одржи Шестиот симпозиум за естетска медицина со меѓународно учество. Настанот ќе собере реномирани експерти од земјата и регионот, кои ќе ги презентираат најновите трендови и достигнувања во областа.

–Естетската медицина бара високо ниво на стручност и прецизност. Со предложените законски измени, ќе обезбедиме поголема заштита на пациентите и ќе воспоставиме јасни критериуми за спроведување на овие процедури. Истовремено, со симпозиумот создаваме платформа за професионален развој и унапредување на оваа медицинска гранка“, изјави претседателот на Здружението за естетска медицина Игор Пеев.

Здружението ги повикува сите засегнати страни – медицински професионалци, институции и медиуми – да ја поддржат оваа иницијатива со цел заштита на јавното здравје и унапредување на професионалните стандарди во естетската медицина.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кај нас досега не се применуваше правична и соодветна, туку само пропорционална застапеност, смета Сиљановска-Давкова

Следно

„СТРАДА БРУТАЛИСИМА“, ПРОЕКТ ЗА БРУТАЛИСТИЧКАТА АРХИТЕКТУРА ВО СКОПЈЕ, Е МАКЕДОНСКИ ПРЕТСТАВНИК НА ВЕНЕЦИСКОТО БИЕНАЛЕ

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop