Тешко изводлива во пракса е препораката на Унеско граѓаните од куќите во стариот дел на охрид да ги остранат клима уредите

December 17, 2024
1 min read

Тешко изводлива во пракса е препораката на Унеско граѓаните од куќите во старото охридско јадро да ги остранат клима уредите, соларните панели и антените кои ја нарушуваат старата ахитектура заштитена од УНЕСКО.

Последниот рок за оваа препорака беше лани во февруари. Станува збор за над 200 објекти на кои се поставени вакви елементи, а голем е бројот и на доградби, бесправно изградени настрешници, гаражи, зидови. Од Завод и Музеј велат дека и жителите и инспекциските служби се известени за ваквото барање.

Ваквото барање на УНЕСКО не е меѓу приоритетните задачи но е дел од списокот на препораки кои градот ќе треба да ги изреализира.

Иако дел од јавноста смета дека оваа и уште неколку други препораки се ригорозни, активистите сметаат дека организацијата досега била и премногу толерантна кон она што со години му се прави на културното наследство. 

УНЕСКО за заштитеното старо градско јадро вели дека опремата од овој тип не е во целост забранета, но треба да биде поставена некаде каде нема да се гледа.

 

 

 

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Пет фудбалери на Реал Мадрид во идеалниот тим на ФИФА

Следно

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Спектакуларен концерт на Оркестарот на АРМ со воените оркестри на САД, Франција, Унгарија и Италија

Latest from Blog

Евростат: Македонија со најниски цени во Европа

Македонија е најевтина земја во Европа според најновите податоци на Евростат. Но, иако цените се најниски, тоа не значи и повисок животен стандард, бидејќи економистите нагласуваат дека ниските цени најчесто се поврзани

Министерот Тошковски презентираше двегодишен отчет: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години и продолжување на реформите во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го презентираше отчетот за работата на Министерството за внатрешни работи во изминатите две години, истакнувајќи дека од самиот почеток на мандатот била поставена јасна определба

Комуналец Прилеп: Секој агол од Могилата сведочи за грижа и посветеност

Паркот на Могилата во Прилеп и оваа сабота ги пречека посетителите во беспрекорна состојба – чисти патеки, уредени зелени површини и пријатна атмосфера што ги привлекува граѓаните да го поминат слободното време
Go toTop