Тешки обвинувања кон шефот на Барселона: Тимот должи речиси 2,5 милијарди евра

October 15, 2024
1 min read

Поранешниот кандидат за прв човек на Барселона, Виктор Фонт е на мислење дека Жоан Лапорта лаже за финансиската состојба на клубот.

Фонт јавно го критикуваше актуелното раководство на Барселона, велејќи дека тие не можат да го водат клубот и дека поднесуваат лажни извештаи.

-Лапорта е ист како Бартомеу. Не може да се снајде и дава лажни извештаи. Очигледно не мамат. Во последните четири години потрошивме 1,041 милијарди евра повеќе отколку што заработивме. Очигледно, таквото трошење е делумно наследство на Бартомеу по однос на платите и другите околности. Нашите приходи се многу пониски отколку во времето на Бартомеу. Лапорта собира кредити. Имавме долг од 1,15 милијарди, а сега веќе е 1,3 милијарди. Ако се земе предвид „Еспаи Барса“, веќе должиме 2,484 милијарди. Го прекршуваме законот затоа што нашите долгови се повеќе од двојно повеќе од нашиот буџет, обвини Фонт.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Следно

Коалиција „Менуваме“ со протестен марш бара преговарачка рамка со институциите за инклузија на лицата со попреченост

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop