Коалиција „Менуваме“ со протестен марш бара преговарачка рамка со институциите за инклузија на лицата со попреченост

October 15, 2024
1 min read

Во Скопје денеска се одржа протестен марш под слоганот „И ние сме деца на Македонија“ во организација на Коалицијата „Менуваме“. Целта на овој настан беше да се привлече вниманието на јавноста кон лицата со попреченост и да се наметнат приоритети за нивна поддршка и инклузија во општеството преку преговарачка рамка со надлежните институции.

Како што информираше Суарет Алиша од Коалицијата „Менуваме“ маршот се организира со цел Владата да им овозможи преговарачка рамка во која ќе бидат вметнати сите недостатоци.

– Маршираме како резултат на апсурдот што се случуваше месеци наназад со доцнењето на исплатата на персонална асистенција од страна на државата. Денеска сме тука да бидеме видливи со цел властите да нѐ разберат. Исплатени се два месеци, септември не е исплатен. Бараме од Владата веднаш и сега да имаме преговарачка рамка во која сакаме да ги внесеме сите недостатоци, недоречености и намери кои Министерството за социјална политика, демографија и млади има намера да ги направи – рече Алиша.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тешки обвинувања кон шефот на Барселона: Тимот должи речиси 2,5 милијарди евра

Следно

Сообраќајот на Плетвар се одвива по една лента поради опожарено возило

Latest from Blog

Средба Коњановски – Јовановиќ: Битола и Будва бараат нови можности за соработка

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој во Црна Гора ќе потпише меморандум за соработка на Индустриската зона „Жабени“ како единствена зона во Македонија во рамките на потпишувањето на меморандум на шесте земји

Словенците откриваат кој е нивни најголем проблем, но дали Македонија тоа ќе го искористи?

Словенија слично како Македонија, разочара во првиот меч од Лига на нации, но сепак освои бод на свој терен против Шкотска (0:0). Голманот Јан Облак со неколку одлични одбрани е најзаслужен што

Македонската берза во нагорна линија: Банкарските акции со значаен раст

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.814,99 поени. Во однос
Go toTop