Тероризам или мафијашка пресметка?

January 28, 2024
1 min read

Терористички напад или мафијашка пресметка. Едно лице загина откако напаѓачи почнаа да пукаат во дворот на католичката црквата Света Марија во истанбул додека верниците се подготвувале за неделната богослужба.

По нападот, двајцата осомничени кои носеле маски на главите, успеале да избегаат, кратко пред да пристигнат голем број на полициски екипи. Мотивот за нападот се уште се истражува но првичната истрага на турската полиција покажала дека цел на нападот било конкрено едно лице, а не верниците кои биле во црквата.

„Околу 11:40 часот во кругот на црквата Санта Марија, две лица ги нападнаа верниците во црквата. Тие носеа фантомки. Едно лице за жал почина. Започна енергична истрага за ова прашање. Најостро го осудуваме овој подол напад. Потрагата по напаѓачите е во тек.“ 0 изјави Али Јерликаја министер за внатрешни работи на Турција.

Нападот го осуди турскиот претседатрел, Реџет Таип Ердоган, порачувајќи дека се преземени сите неопходни чекори за пронаоѓање на убијците. Од кабинето на турскиот претседател велат дека безбедносните сили на располагање ги имаат сите ресурси за брзо пронаоѓање на напаѓачите.

Осуда дојде и од Италија. Шефот на дипломатијата, Антонио Тајани очекува турската полиција да ги уапси напаѓачите. И премиерката Џорџа Мелони очекува брза реакција на турските безбедносни органи.

– Италијанската влада, следи што се случи утрово во црквата Санта Марија во Истанбул. Изразуваме длабоко сочувство и најостра осуда. – изјави Мелони.

И папапта Франциско се солидализираше со католичката заедница во Истанбул, која беше цел на напад…по завршувањето на неделната молитва на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, папата го осуди нападот и изрази сочуство со семејството на загионатиот…

Во декември минатата година, турските безбедносни сили уапсија 32ца осомничени за врски со милитантите на Исламската држава. Лицата планирале напади врз цркви и синагоги, а една од целите била и ирачката амбасада.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јаник Синер е новиот шампион на Австралија Опен

Следно

Железничаритe се закануваат со целосна блокада на железничкиот сообраќај

Latest from Blog

Коњановски: Градоначалничкиот мандат започна со нови градинки, спортски терени и дигитализација

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, го презентираше отчетот за првите 100 дена од новиот мандат, истакнувајќи дека фокусот е на инфраструктура, образование, спорт, култура и енергетска транзиција. Во овој период беше

Никола Ѓурѓај: „Нема да молчиме пред одлуки штетни за македонското население“

Македонското друштво “Илинден“-Тирана остро се спротивставува на отворањето мигрантски центри на територијата на општина Пустец. Сметаме дека ваквата одлука е донесена без претходна консултација со локалното население, без организирање јавна расправа

Шефицата на британската дипломатија повика да прекинат „ужасните искушенија“ на Џими Лаи

Лаи, 78-годишен британски државјанин, денеска е осуден на 20 години затвор, според законот за безбедност што го воведе Кина во оваа поранешна британска колонија. Во изјава на X од Министерството за надворешни
Go toTop