Теодосиевски: Соочување со себеси или – Па нека нѐ викаат и грне

November 25, 2025
4 mins read

За да се соочиме со историјата денес или утре, како што некогаш пишувал Адорно, прво сепак мораме да се соочиме со себеси! Тоа е факт без којшто нема ни минато ниту пак иднина. Зашто само иницијалното соочување со себеси може да произведе идеја, став, некаков „заклучок“ за сегашноста, а потоа и за минатото и очекуваната иднина, пишува Златко Теодосиевски за ПЛУСИНФО. Ние, или повеќето од нас, тоа не го прават. Зошто? Бидејќи соочувањето со себеси е можеби најголемата траума што некој може да ја доживее. Или поточно: да мислите дека сте едно, а соочувањето целосно да ве демантира односно да ви даде комплетно спротивна слика. Некогаш дури гротескна, што и сегашноста ви ја прави таква!

Или: зошто никогаш нема никакви, ама баш никакви одгласи на отворените прашања, но и на аргументите (на пример оној за императивот Македонија „да се самозаштити во преговорите со ЕУ“) контра благонаклонетото прифаќање на т.н. „француска рамка“ како основа за отворањето на пристапните преговори со еу (малите букви се…)? Ама ни збор, ни точка ниту запирка, не пак коментар од „пајтон интелигенцијата“ – па нека е и лош – и од сите оние самопрогласени „прогресивни“ експерти од клиентелистичка провениенција кои со години нѐ убедуваат дека ние мора да клекнеме и да молиме за „милост и приклученија“? Е па нема одговор зашто несогласувањето со изнесените факти би морало детално да се образложи и аргументира, а за тоа (ќе простите) треба доста ум. Но и нешто друго (но се обидувам да не бидам безобразен). А тие немаат ништо од тоа!

Зашто, за аргументирано да спорите на темата на македонските евроинтеграции во светлината на „француската рамка“ и бугарските протоколи, а сега, на пример, и со јавно објавениот компетентен став на проф. Вангелов – и не само тој, се разбира – мора да се посипете со пепел за сѐ она што досега сте пелтечеле низ јавниот простор на таа тема. А пред тоа – би морале да се соочите со себеси и отворено да си кажете кој сте и што сте.

Бидејќи, на пример, во дадениот контекст кога една соседна земја ве блокира на евроинтегративниот пат и ви вели дека сте измислена нација, дека вашиот јазик, култура и идентитет не постојат туку се дериват на бугарскиот…, а вие да се прашувате „Па има ли поголем национален интерес во моментов од нашата интеграција во ЕУ?“, тогаш тука нешто дебело не штима! И токму тоа е чиста патологија. Односно, некој може да праша и за чиј „национален интерес“ станува овде збор? Или за што овде станува збор кога никој не ви дава ама баш никаков одговор зошто за „другата страна“ – подразбирајќи го тука неморалниот сојуз на еу и нашиот источен сосед – е неприфатлива формулата за одложено дополнување на Уставот по завршувањето на пристапните преговори? Или зошто за овој сојуз е неприфатливо давањето некаква гаранција дека по ова вето нема да следат и други? И какви, и колку ќе ги има…?

„Мудрувањата“ дека овде не станува збор за „меѓународно право“ туку за „меѓународна политика“ се само синоними на она „трла баба лан…“ и други квази-интелектуални флоскули што ама баш ништо не значат. Зашто овде нема ни трага од меѓународна политика (а треба да има од меѓународно право!) туку станува збор за неморална и некултурна војна на еден сојуз против една суверена држава. И сето тоа нема ама баш никаква врска со некаков „геополитички вакуум“, со „филозофиите“ од типот „нам ЕУ ни треба илјада пати повеќе одошто ние ним“, а најмалку со онаа ујдурма дека „сојузите се формирани за да ги бранат интересите на своите членки“ и ние мора да клекнеме и да молиме да нѐ викаат и грне само да не нѐ кршат!

И впрочем, не гледам баш дека некој овде се обидува да се оправда за некаков неуспех да го фатиме „последниот воз“ со Албанија, зашто одамна е јасно дека целата оваа приказна со македонските евроинтеграциски возови е само една ќорсокак-линија на меѓудржавен бандитизам, улично насилство, перверзија викана политика и очигледно меѓународно силување…, нешта на коишто, заради непознати причини, се закачуваат дури и некои македонски „интелектуални“ вагони останати од некое време одамна истечено. Зашто оваа македонска „европриказна“ не е битка за територии или влијанија, не е војна за ресурси и освојувања… туку е „измислена историска нарација“ (Харари) од една држава, а поддржана од еден сојуз којшто себеси сака да се гледа како демократски. Што е страотен виц зашто во истовреме, тој ист сојуз, не му дозволува на другиот да се гледа себеси како посебна нација, идентитет, култура, јазик…

Од друга страна, однесувањето на источниот ни сосед е директна контра-теза на Адорно дека „луѓето сакаат да се ослободат од минатото“. Не, напротив, некои налудничаво го живеат тоа минато и денес, се хранат од него, ѕвонат со историските наративи и ветото како со најсовремено оружје. Како да не можат ни сегашноста да ја живеат ако го немаат тоа минато – црно, насилно, окупациско, крвничко…, коешто очигледно ја полни нивната фантазија. А ние треба да бидеме исполнување на сите нивни сништа!

И на тие нивни историски тапани тропа и една група самопрогласени експерти за некаква меѓународна политика без морален компас, ја прогласуваат својата земја и власт за националистичка а националистите и политикантите од другата страна на границата за прогресивни! Ние сме нечиј „заден двор“, а оние кои објективно, до вчера – па и денес, ако баш сакате – беа наш заден двор сега ни ги претставуваат како големи европејци. Па дури ни подметнуваат и дека нашиот проблем со Бугарија бил – „политички“!

И како да не сакаат да разберат дека има луѓе, има мнозинство кое не сака да го викаат грне? И смета дека не е тоа цената што мора да се плати за да се сочува достоинството, минатото, сегашноста, па и иднината. Не знам и не сакам да тврдам дека тоа мнозинство се соочило со себеси и расчистило некои суштински нешта не само за евроинтеграциите туку и за длабоките историски дилеми и можните идни правци, но така изгледа. И очигледно мисли дека сепак достоинството може да превладее над црнилата на минатото и сегашноста.

А, како што се покажува, соочувањето со себеси отвора и нови страници – на пример онаа за македонското правосудство. Но не само за него зашто тоа е одамна скршено грне туку за сите оние „експерти“ кои седум години „се соочуваа“ со самоволија, насилство и безаконие диктирано директно од политиката и не кажаа ни збор. Иако сега цела година уста не затвораат. Е па ајде да ги видиме во еден таков „дијалог“ – или соочување – со Стразбур! Баш ме интересира резултатот, но за тоа можеби следниот пат.

Златко Теодосиевски за ПЛУСИНФО

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Костовски: Бутел го менува изгледот на училиштата, нова и енергетско ефикасна фасада за „Петар Здравковски – Пенко“ (ФОТО)

Следно

Советник на Трамп: Завојуваните страни во Судан сè уште не го прифатиле мировниот план

Latest from Blog

Реал Мадрид без Куртоа на гостувањето против Олимпијакос

Стартниот голман на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, нема да патува со тимот за утрешниот натпревар на гости против Олимпијакос во Лигата на шампионите, официјално објавија „кралевите“. Белгискиот голман има проблеми со стомакот

Советник на Трамп: Завојуваните страни во Судан сè уште не го прифатиле мировниот план

САД им презентираа на завојуваната суданска армија и паравоените Сили за брза поддршка (RSF) сеопфатен мировен план, но ниту една страна сè уште официјално не го прифатила, изјави денес американскиот пратеник и

Костовски: Бутел го менува изгледот на училиштата, нова и енергетско ефикасна фасада за „Петар Здравковски – Пенко“ (ФОТО)

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, заедно со директорката на училиштето, Мевлиде Елези Круези, одблиску ги следеа активностите за поставување на новата енергетски ефикасна фасада во Основното училиште „Петар Здравковски – Пенко“

Видео: Диди во затвор

– Погледнете како изгледа по повеќе од една година затвор. Во јавноста се појави видео од Шон Диди Комбс или популарниот Пи Диди од затворот Форт Дикс во државата Њу Џерси, на

Завршена изградбата на три нови игралишта на 629 м² во Битола

Во битолската месност Областа, на улицата „Нико Фундали“, завршена е изградбата на три нови современи игралишта на вкупна површина од 629,27 квадратни метри. Новиот спортско-рекреативен комплекс опфаќа детско игралиште, мало кошаркарско и
Go toTop