Тензии во Чашка поради паралелката на албански јазик, наставата не почна

January 23, 2024
1 min read

Тензично беше изутрината (23.01.2024) пред ОУ „Тодор Јанев“ во Чашка, меѓу полицијата и родители што вчера и денес го продолжија протестот, почнат уште во првото полугодие, против воведување паралелка на албански јазик во училиштето.

Тензии имало и вчера, вели Цвета Пешевска, претседателка на Советот на родители во ОУ „Тодор Јанев“, за Радио Слободна Европа(РСЕ).

„Вчера (22.01) полицијата се обиде да направи кордон за да влезе в.д.директорката. Тука имаше реакција од граѓаните. Денеска повторно, преку кордон се обидоа да внесат наставници на што ние се спротиставивме. На една жена и се слоши. Дојде и Брза помош“, изјави Пешевска за РСЕ.

Според неа, на протестот има околу 30 жители на Чашка и уште толку полицајци.

Второто полугодие во ова училиште воопшто не почна.

„Не мрзневме два и пол месеци за сега да попуштиме. Поднесовме претставки секаде, се обративме до сите институции, никој не нѐ слуша ниту презема мерки“, вели Пешевска.

Советот на родители бара итна оставка на в.д.директорката Елена Николова. По оставката, според Пешевска, би разговарале да се најде решение за паралелката со албански јазик.

Советот на родители обвинува дека паралелката на албански е незаконски формирана, дека в.д. директорката е незаконски назначена и како што велат, дека таа продолжува незаконски да распишува огласи за вработувања.

РСЕ не успеа да добие став од в.д.директорката Николова.

Во ОУ „Тодор Јанев“ во Чашка нема настава од 22 ноември, кога родителите почнаа да протестираат, а учениците да губат часови. Но, проблемот почна од август 2023, кога Министерството за образование му ги одзеде ингеренциите врз училиштето на градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски и Министерството за образование наложи да се отвори паралелка на албански јазик за неколку првачиња.

Според родителите Македонци – министерот за образование Јетон Шаќири насилно и притивзаконски сака да отвори албанска паралелка во училиште според чиј Статут наставата се одвива на македонски јазик, иако има и други училишта во околината во кои наставата е на албански јазик. Според Албанците, тие имаат уставно право да учат на мајчин јазик.

Советот на родители предложи наставата за првачињата на албански да се префрли во село Сливник, опција што Министерството за образование не ја прифати.

Извор: Радио Слободна Европа

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нетанјаху најави борба до целосна победа по смртта на израелските војници

Следно

Ибрахими за „Студио 10“: Социо-еконмската положба на населението е многу лоша

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop