Теменугов во Отворено: Неколку маркети во Македонија ги диктираат цените на сите маркети во државава

February 4, 2025
1 min read

Новинарот Горан Теменугов во Отворено рече дека неколку маркети во Македонија ги диктираат цените на сите маркети во државава. Според него потребно е државата да покаже капацитет и да ги казнува сите трговци кои не го почитуваат законот за нефер трговски практики.

„Направив една шема која според мои сознанија е точна. Еден производ од дистрибутерот го купува за 30 денари Тој воведува маржа од 6 денари и профит од 2 денари. И имаме производ од 38 денари. Е сега дел од маркетите им викаат на дистрибутерите доколку сакаат да бидт дел од нивните рафтови, реклами и слично да додадат уште 12 денари. Така производот доаѓа до цена од 50 денари. И на овие 50 денари маркетите билдаат своја маржа од 10 денари и профит од 5 денари и производот станува 65 денари. Овие 12 денари не треба да постојат и тука имаме кршење на закон “, рече Теменугов и додаде дека на ваков начин се условува покачување на цените.

Тој потенцираше и дека е против бојкотот на маркетите бидејќи смета дека државата треба да си ја заврши својата работа и да казнува.

„Државата со законот за нефер трговски практики треба да ги сузбие сите неправилности и да почне да казнува. Законот постои скоро една година. Државата треба да реагира, да покаже капацитет и да казнува“, изјави Теменугов.

Тој објасни и дека Македонија иако има капацитети за свои производства сепак е зависна држава од увоз.

„Македонија не може да се прехрани самата, иако има субвенци за земјдоелство ние увезуваме, за ниту еден производ не можеме да кажеме дека сме го наравиле сами. Ние имаме скапо земјоделство и не можеме да се прехраниме, немаме производство“, рече Теменугов.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Халеп објави крај на кариерата

Следно

Нема промена за него, нови проблеми за Конор Мекгрегор (ВИДЕО)

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop