Теменугов во Отворено: Неколку маркети во Македонија ги диктираат цените на сите маркети во државава

February 4, 2025
1 min read

Новинарот Горан Теменугов во Отворено рече дека неколку маркети во Македонија ги диктираат цените на сите маркети во државава. Според него потребно е државата да покаже капацитет и да ги казнува сите трговци кои не го почитуваат законот за нефер трговски практики.

Направив една шема која според мои сознанија е точна. Еден производ од дистрибутерот го купува за 30 денари Тој воведува маржа од 6 денари и профит од 2 денари. И имаме производ од 38 денари. Е сега дел од маркетите им викаат на дистрибутерите доколку сакаат да бидт дел од нивните рафтови, реклами и слично да додадат уште 12 денари. Така производот доаѓа до цена од 50 денари. И на овие 50 денари маркетите билдаат своја маржа од 10 денари и профит од 5 денари и производот станува 65 денари. Овие 12 денари не треба да постојат и тука имаме кршење на закон “, рече Теменугов и додаде дека на ваков начин се условува покачување на цените.

Тој потенцираше и дека е против бојкотот на маркетите бидејќи смета дека државата треба да си ја заврши својата работа и да казнува.

Државата со законот за нефер трговски практики треба да ги сузбие сите неправилности и да почне да казнува. Законот постои скоро една година. Државата треба да реагира, да покаже капацитет и да казнува“, изјави Теменугов.

Тој објасни и дека Македонија иако има капацитети за свои производства сепак е зависна држава од увоз.

Македонија не може да се прехрани самата, иако има субвенци за земјдоелство ние увезуваме, за ниту еден производ не можеме да кажеме дека сме го наравиле сами. Ние имаме скапо земјоделство и не можеме да се прехраниме, немаме производство“, рече Теменугов.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Халеп објави крај на кариерата

Следно

Нема промена за него, нови проблеми за Конор Мекгрегор (ВИДЕО)

Latest from Blog

Комуналец – Прилеп: Дивите депонии околу гробиштата се отстранети

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп повторно апелира до граѓаните да не исфрлаат отпад околу оградниот ѕид на Старите градски гробишта. И покрај редовните молби и известувања, купишта отпад продолжуваат да се оставаат на

Бизнисменот Главчев пријавил тројца обвинители од СЈО – за барање поткуп

По окончување на судскиот случај „Поштенска банка“ во полза на обвинетите во 2024 година, како што пишува порталот ПлусИнфо еден од нив, гевгелискиот бизнисмен Томе Главчев, во јануари годинава, поднел кривична пријава против поранешните

„Марив“: Израел врши притисок врз САД за копнена операција врз Иран

Весникот наведува дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите советници се за воена ескалација, оценувајќи оти евентуален договор во оваа фаза претставува „јасна победа на Иран“. Неименуван израелски безбедносен извор тврди дека
Go toTop