Телма: Во нападот во Чаршија е убиен Кривањева врз чие друштво пред 4 години беше пукано во „Александар Палас“

March 6, 2023
1 min read

Телма објавува дека двајцата убиени во нападот во бар во Старата скопска Чаршија се Јетон Кривањева и Енес Исени. Двајцата им подлегнале на повредите на местото на злосторството.

Неколку вооружени лица пришле на жртвите и почнале да пукаат во нив по што избегале вечерва околу 20:11 часот.

Во нападот е рането уште едно лице кое било во друштво на убиените.

Кривањева според повеќе медиуми на албански јазик од Македонија беше дел и од групата која беше цел на вооружен напад во скопскиот хотел Александар Палас во 2019-та година, објави Телма.

Тогаш маскирани напаѓачи стрелаа кон групата во која беа и Камер Идризи и Јетон Кривањева. Поголеми последици врз нападнатите спречил полицаец во цивил кој во тој момент седел на истата маса со нападнатите кои се од скопско Грчец. Полицискиот службеник пукал во напаѓачите во самоодбрана, а немаше сериозно повредени.

Во 2021-ва во Бутел беше убиен Камер Идризи додека се движел со автомобил, а во него било пукано од друго возило во движење. Тоа убиство не е расветлено.

Денеска пак е убиен Кривањева, а настрада и Исени кој бил во негова придружба во угостителски објект. МВР засега не дава информации дали имало и други гости во локалот каде се случил оружениот напад.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Загреб: 18-годишник упаднал во училница и се заканувал со мачета, полицијата го уапси

Следно

Се огласија од Обвинителството по вечерашното двојно убиство

Latest from Blog

Битола ќе добие нова енергија – ВМРО-ДПМНЕ ја откри советничката листа!

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја претставија својата советничка листа за Битола, нагласувајќи дека нудат комбинација од континуитет, искуство и свежа енергија за новата голема победа. „Остануваме посветени на Битола, продолжуваме искрено, вредно и

ТРЧАЈ БЕ 2025 – големи спортски настани во Битола

СВР Битола заради одржување на спортската манифестација ТРЧАЈ БЕ 2025, во чии рамки годинава ќе се одржи и Националното првенство во полумаратон, на ден 14.9.2025 година (недела) во Битола, во временскиот период
Go toTop