Техничка Влада со или без ВМРО-ДПМНЕ? – Опозицијата се уште не одлучила, Ковачевски вели тоа е законска обврска

December 11, 2023
1 min read

реклама


Реакциите во јавноста по одлуката Џафери да биде техничкиот премиер е дека со тоа ДУИ заедно со првиот вицепремиер Артан Груби ДУИ ќе ги има двете први позиции во Владата. Дали е можно Артан Груби да биде сменет од таа позиција  премиерот Ковачевски не одговори конкретно рече дека именувањата се според Законот за Влада. Ковачевски воедно говореше и за се погласните најави дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во техничка Влада предводена од Џафери, кој рече дека тоа е законска обврска, а во спротивно ќе се остави дамка на целиот изборен процес.

„Регулирано е согласно закон кои позиции се менуваат во Владата, согласно Закон за влада и согласно Закон за избори кои позиции се менуваат. Значи не може да се прави импровизација кога се дефинирани законски одредби.Сметам дека не постои причина, во овој случај ВМРО-ДПМНЕ  да не ја исполни својата законска обврска бидејќи тоа предлагање произлегува од Закон за Влада и од Закон за избори“, вели Димитар Ковачевски. 

реклама

Но изборот на Џафери предизвика реакции во опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде што велат дека СДСМ ги исполнува сите барања на ДУИ и дека од Џафери не може да се очекува спроведување фер избори бидејќи, како што велат, тој не е достоен за таа позиција. Но дали ќе учествуваат во техничката Влада под водство на Џафери, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека наскоро на партиските тела ќе се одлучи дали ќе номинираат нивни предлози за техничката влада.

„Талат Џафери е дезертер од Армијата на Република Македонија исто како и неговиот претходник Ковачевски, човек кој што си ја погазил заклетвата која што ја има дадено. Тоа е човек кој што го газеше уставот во изминатиот период, го газеше Деловникот, ги пцуеше собраниските служби а сето тоа беше овозможено, односно прикриено од страна на Социјалдемократскиот сојуз. Во врска со вашето второ прашање, дали ќе учествуваме во техничката Влада, остануваме на ставот дека во наредниот период ќе заседаваат телата и органите на партијата и благовремено ќе ја известиме македонската јавност“, порача Драган Ковачки.

реклама

Претходно Изет Меџити побара и тие да бидат дел од техничката Влада, како дел од опозицијата. Ковачевски рече дека законот предвидува технички министри да има од најголемата опозициска партија.

„Техничката Влада е дефинирана согласно закон и точно се знае кој предлага министри во таа техничка влада. Што значи дека се знае од парламентарното мнозинство кои се министрите и од најголемата опозициска партија кои министерства се предлагаат да бидат предводени од нивни предлози. Што значи дека од партијата ВМРО-ДПМНЕ треба да предложат министер во Министерството за внатрешни работи, министер во Министерството за труд и социјална политика“, вели Димитар Ковачевски.

реклама

Во целата оваа постапка останува нејасно што ќе се случи доколку ВМРО-ДПМНЕ сепак одлучи да не предложи министри, бидејќи Законот за Влада не предвидел таква состојба. Дали во тој случај ќе се оди со актуелните министри или сепак местата ќе и бидат дадени на другиот дел од опозицијата. Според роковникот оставката на Ковачевски и изборот на техничката Влада треба да се одржи до 28 јануари. 

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Израелската стока е во оптек на иранскиот пазар“ изјави претседателот на иранскиот Парламент

Следно

За Кисинџер прашајте ги во Камбоџа

Latest from Blog

Дневен хороскоп за 23 декември 2025: Дознајте што ве очекува во текот на денот!

БИК Бикови, ништо не сфаќајте лично, дури и ако слушнете навредливи зборови упатени кон вас, знајте дека се е предизвикано од финансиската состојба, дека всушност никој не ве напаѓа. Избегнувајте ги сите

Луѓето се поверни од шимпанзата, но не се најмоногамни битија, еве кој ги надминува

Во романтичниот живот, се чини, дека повеќе наликуваме на овие дружељубиви мунгоси отколку на нашите најблиски роднини, примати, сугерира рангирањето на најмоногамните видови кои го направиле група научници. Луѓето не се најверни
Go toTop