Тече рокот за евидентирање на службените возила во Регистарот на ДКСК пред локалните избори

August 13, 2025
1 min read

До денеска напладне во Регистарот на возила на државни органи, органи на локалната самоуправа, јавни претпријатија или други правни лица што располагаaт со државен капитал во Државната комисија за спречување на корупцијата се евидентирани повеќе од 380 возила, согласно одлуката за пријавување на службените возила пред локалните избори закажани за 19 октомври.

Државни органи, органи на локалната самоуправа, јавните претпријатија или други правни лица што располагаaт со државен капитал имаат рок од десет дена од распишувањето на изборите до ДКСК да ги достават податоците за возилата со кои располагаат. ДКСК регистарот го објавува на својата веб страна.

Согласно Роковникот на Државната изборна комисија (ДИК) рокот истекува на 18 август 2025 година.

Доколку правните лица не достават податоци за бројот, видот, регистарската таблица и возната состојба на моторните возила со кои располагаат во предвидениот рок, ДКСК покренува прекршочна постапка во рок од 15 дена од истекот на рокот за доставување на податоците.

Регистрацијата на возилата на институциите се врши со цел тие да не се користат од страна на функционерите и други именувани и избрани лица за потребите на изборните кампањи.

Владата, пак, донесе одлука сите службени возила да добијат специјални таблички во боја, црвени, најдоцна до 15 септември 2025 година, со цел поголема транспарентност и спречување злоупотреби. Предвидено е исто така да се воведе специјален регистар на државните автомобили, кој ќе овозможи прецизна евиденција за местоположбата и користењето на секое службено возило. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски и Црвен крст ја унапредуваат грижата за бездомните лица во Скопје

Следно

Македонија ја усвојува ЕУ директивата за критични минерални суровини и стратешки рударски проекти

Latest from Blog

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки
Go toTop