Татко и син предизвикале хаос, додека истражувале тунели под нацистички логор- скапо ќе платат

November 18, 2025
1 min read

Тие одлучиле да го истражат системот на тунели на Меморијалниот комплекс, каде што некогаш се наоѓал концентрациониот логор Мителбау-Дора, не сомневајќи се на хаосот што ќе настане.

Загрижена поранешна сопруга

Станува збор за огромна мрежа, длабоко во планината Конштајн, каде што за време на Втората светска војна затворениците биле принудени да работат во брутални услови и да произведуваат оружје за нацистите.

Пред да замине, мажот ја информирал својата поранешна сопруга за своите планови. Кога сопругата сфатила дека не одговараат на повиците, веднаш ја контактирала полицијата.

Властите започнале голема операција, бидејќи постоел оправдан страв дека животите на таткото и синот се во опасност, објавува Велт.

Неочекуваниот ефект од потрагата

Тимови со кучиња трагачи работеле на терен, додека хеликоптер кружел над нив. Целта била што поскоро да се пронајдат „исчезнатите“ лица.

Сепак, потрагата имаше неочекуван ефект – таткото и синот го забележале хеликоптерот и полициските патроли и, исплашени, решиле да се сокријат!

Подоцна, тие контактирале со член на семејството по телефон, кој ги известил властите и потврдил дека се живи, со што потрагата завршила.

Исклучително опасни дејствија

Полициската управа го искористи овој случај за да ја предупреди јавноста, особено љубителите на „напуштени места“, дека ваквите дејствија не се само нелегални – туку и исклучително опасни.

Оваа авантура би можела скапо да го чини таткото, бидејќи најверојатно ќе мора да ги сноси трошоците за целата операција, вклучително и користењето на хеликоптерот.

Покрај тоа, против него и неговиот син е поднесена пријава за неовластен влез во заштитено подрачје.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОВА Е СЕМЕЈСТВОТО КОЕ УМРЕ ВО ИСТАМБУЛ, но деталите велат дека можеби не се отруени

Следно

Илон Маск брутално одговори на критиките на Били Ајлиш

Latest from Blog

ФИФА ќе ги скенира играчите на Светското првенство за да направи аватари за офсајд

ФИФА планира да креира 3Д аватари со вештачка интелигенција на секој играч на Светското првенство во 2026 година, со цел да ја подобри полуавтоматизираната технологија за офсајд на турнирот. Ова ќе значи

Жестоки руски напади: Украинците останаа без струја на минус 20

Руските напади во среда вечерта речиси целосно го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во два региона во југоисточна Украина, соопшти Министерството за енергетика. „Регионите Дњепропетровск и Запорожје се речиси целосно без електрична

Градоначалникот Коњановски ги следи интервенциите по поплавите во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој вечерва е на терен информира дека кај стариот „Прогрес“ на улиците „Крушевска“ со „Македонска фаланга“ водата е повлечена, а екипи на јавните претпријатија „Водовод“, „Комуналец“, „Нискоградба“
Go toTop