Таравари: Вучиќ е тажен поради поразот на ДУИ

1 min read

Кандидатот на албанската опозиција, Арбен Таравари, од митингот во Желино, рече дека доцна му текнало на неговиот противник Османи, да излегува од иницијативата Отворен Балкан, како проект на Вучиќ и Лавров. Намесот тоа, Таравари рече дека уште повеќе ќе ги продлабочи врските со Косово и Албанија.

„Ќе му кажам на Пишман аџијата дека сега е доцна. Останавте сами во кревет со Вучиќ. Со Вучиќ кој организира терористички напади на Косово и кој е тажен поради поразот на ДУИ. Ќе ги продлабочиме врските со Тирана и Приштина, бидејќи тие се наши браќа од една крв. Нема да постапиме како мој противкандидат кој ја оствари првата посета како министер за надворешни работи во Белград, а никогаш немал билатерална посета на Република Косово“, рече Арбен Таравари, Кандидат за претседател на ВРЕДИ.

 

Извор: alsat.mk

Претходно

„САМО КАМЕН НЕМА ДА ЗАПЛАЧЕ“ – Џиновиќ уловен среде улица по разводот, тоа што го имаше во рацете е доволен знак дека тешко го пребродува разводот (ВИДЕО)

Следно

Зголемување на платите од 26.000 на 44.000 денари!

Latest from Blog