Таравари во 24 анализа: Во САД бев приватно, повторно заминувам за да договорам проекти за здравството

January 27, 2025
1 min read

Министерот за здравство Арбен Таравари во 24 анализа рече дека патувањето во САД по повод инаугурацијата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп било приватно и не било дел од владината делегација. Според него, целото патување било на сопствен трошок а поканата му ја обезбедиле тамошни пријатели.

„Имав можност да видам како се слави денот на инаугурацијата на претседателот но не успеав да бидам присутен на сите настани. Бев на инаугурацискиот доручек и вечера, бев и на балот, имав можност со едни пријатели да бидам дел од таа прослава. Таму не се видов со премиерот Мицкоски бидејќи бев многу кратко во САД и не бев дел од владината делегација. Отидов на приватна посета и не искористив денар за службено патување“, рече Таравари и додаде дека сите средби кои што ги остварил премиерот Мицкоски таму биле за доброто на Македонија.

Таравари информираше и дека оваа сабота повторно ќе патува во САД за да присуствува на молитвениот доручек на Трамп. Покрај тоа, најави и посета на неколку клиники со кои се надева на соработка.

„Ќе посетам три клиники со кои што се обидувам да направам соработка за нашите пациенти да добиваат второ мислење од лекари во САД. Тоа ќе биде за пациенти со потешки болести кои ќе имаат можност сите материјали и резултати да им ги испратат на лекарите во САД и потоа преку онлајн средба да добијат второ мислење“, изјави Таравари.

Тој најави и дека во февруари годинава ќе бидат потпишани уште два договори со САД кои ќе донесат бенефиции на македонското здравство.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Христовски спроведе три сложени операции против сериозни терористички ќелии, неговата работа треба да се вреднува

Следно

Вучиќ: Итна реконструкција на Владата, да бидат сменети над половина од министрите

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop