Таравари доби поддршка од 75 членови од собранието на Алијанса за Албанците

February 9, 2024
1 min read

Седумдесет и пет претставници на централното собрание во Куманово му дадоа поддршка на лидерот на АА Арбен Таравари за коалиција со албанската опозиција, изјави синоќа Блерант Рамадани по завршувањето на состанокот на Централното собрание, со претседателот на партијата АА.

– Како што и вие бевте сведоци сега се реализираше состанок со претставници на централното собрание каде беа присутни 75 претставници на централното собрание и сите едногласно гласаа и потпишаа исто така за да му дадат целосна поддршка на претседателот да ја реализира оваа коалиција со албанската опозиција, сѐ со цел еднаш после 20 години ДУИ да помине во опозиција, рече Рамадани.

На состанокот присуствувале 75 членови на Централното собрание на Алијанса и сите едногласно одлучиле да ја потпишат декларацијата со која му даваат поддршка на партискиот лидер Таравари.

Декларацијата е потпишана од уште десет делегати кои не присуствувалe на вчерашниот состанок на Централното собрание.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД го предупредија Израел дека воена операција во Рафа може да биде катастрофална

Следно

Курти пред СБ на ОН: Немам ништо против Србите

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop