Тадиќ: Власта во Србија покажа целосна неспособност да се соочи со косовскиот проблем

January 24, 2023
1 min read

Претседателот на Социјалдемократската партија (СДС) Борис Тадиќ денеска изјави дека власта во Србија покажала целосна неспособност да се соочи со косовскиот проблем, но дека се уште има простор да се бара компромисно решение.

Тадиќ за телевизијата Н1 изјави дека треба да има национален консензус за изнаоѓање компромисно решение и дека во тоа треба да учествуваат претставници на власта, на опозицијата, но и граѓаните.

Според него, најавата дека Србија денес треба да направи некои отстапки кон Косово и дека за конечното решение ќе се разговара за десетина години, кога на дневен ред ќе биде членството во ЕУ, е „постепено влегување во ладна вода“.

Тадиќ предлогот на ЕУ го оцени како „лицемерна уцена“, чија суштина е „ќе ви дадеме членство доколку пасивно учествувате во независноста на Косово“.

Тој рече дека е неопходно да се започне дипломатска офанзива, а не да се „подигне борбената готовност и заканата од војна, како што тоа го прави Владата предводена од претседателот на Србија и Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ“.

Тадиќ додаде дека членовите на опозицијата кои го разбираат проблемот треба да учествуваат во разговорите за Косово, наведувајќи дека меѓу нив не е Драган Ѓилас, претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП), кој „нема поим што е Косово“.

Борис Тадиќ оцени дека најавата на Вучиќ дека ќе поднесе оставка од функцијата претседател на СНС е дадена „во страв да не го изгуби новиот култ“ што го градел десет години, што, како што рече, е „бесрамно“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Митева: За какви капитални инвестиции зборува СДСМ, кога учениците и во второто полугодие се без учебници

Следно

Над 3,5 милиони денари инвестирани во градинката „Весели Цветови“ во Кисела Вода

Latest from Blog

Проданоски: Граѓани и волонтери се обединија во акција за позелен Прилеп

Околу 500 садници беа засадени во близина на манастирот „Св. Димитриј“ кај прилепското село Селце, во акција организирана од Здружението „Сина револуција“, со поддршка од компанијата „Бехтел ЕНКА“. Во акцијата, организирана по

И ЗДРАВЈЕ И РАБОТА: Македонија не смее да остане надвор од европските и светските процеси за развој на современо и одговорно рударство

Активирањето на домашните минерални потенцијали е можност за нови инвестиции, работни места, развој на домашните компании и технолошка модернизација на македонското рударство Светот влегува во нова фаза на развој на рударскиот сектор.

Скопје во центарот на регионалната енергетска соработка – прв форум посветен на зелената транзиција и жените во енергетиката

На 25 ноември 2026 година, Скопје ќе биде во центарот на регионалниот дијалог за иднината на енергетиката. Во хотелот „Александар Палас“ ќе се одржи Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори и

Струјата во Македонија речиси 60 отсто поевтина од европскиот просек: Еве колку плаќаат граѓаните во ЕУ

Македонија има една од најниските цени на електричната енергија за домаќинствата во Европа, покажуваат најновите податоци за првата половина од 2026 година. Според анализата објавена од „Еуроњуз“, електричната енергија во Македонија е

Николоски: До крајот на мај автопатот Кичево – Охрид ќе биде целосно пуштен во употреба

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива со одлична динамика. Силно сме посветени заедно со изведувачот и надзорот и согласно зададениот рок ќе го завршиме целосно, изјави заменик претседателот на Владата и министер
Go toTop