СЗО загрижена поради недостигот на помош во северозападните делови на Сирија погодени од земјотресот

February 17, 2023
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Светската здравствена организација (WHO) објави дека е загрижена поради недостигот на неопходна помош во северозападниот дел на Сирија, кој е погоден од разорните земјотреси во Туркије, јавува Анадолу.

„Сосема е јасно дека подрачје на најголема загриженост е токму северозападна Сирија“, изјави шефот на Светската здравствена организација за итни случаи, Мајк Рајан.

Тој наведе дека од земјотресот се погодени и регионите кои ги контролира режимот во Сирија.

Меѓутоа, Рајан рече дека луѓето на тоа подрачје имаат пристап до услугите што им се потребни.

„Мораме да имаме на ум дека во Сирија се водеше десетгодишна војна. Здравствениот систем е неверојатно кревок“, рече Рајан.

Тој укажа на важноста од привремено отворање на некои гранични премини во рамките на хуманитарната помош.

Рајан истакна дека фокусот во моментов е насочен кон потребите на луѓето.

Во Сирија загинаа најмалку 2.688 лица, додека повеќе од 14.749 се повредени во двата силни земјотреси со интензитет од 7,7 и 7,6 со епицентар во турската област Кахраманмараш, кои го потресоа регионот на 6 февруари.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По разорните земјотреси во Туркије, под урнатините фотографии и спомени од среќните времиња

Следно

Прегазена велосипедистка во Скопје

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop