СЗО: Депресијата и анксиозноста ја чинат глобалната економија трилион долари годишно

September 2, 2025
1 min read

Секоја стота смрт во светот е предизвикана од самоубиство, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО) и изрази жалење за недостатокот на напредок во борбата против една од главните причини за смрт кај младите.

„Само во 2021 година во самоубиства животот го загубија околу 727.000 лица“, изјави на прес конференција, Девора Кестел, раководителка на одделот за ментално здравје на СЗО.

Најновиот извештај на СЗО истакнува дека самоубиството е една од главните причини за смрт кај младите луѓе во сите земји и во сите социо-економски контексти.

И покрај глобалните напори, постигнат е многу мал напредок во постигнувањето на Целта за одржлив развој на Обединетите нации усвоена во 2015 година за намалување на стапката на самоубиства за една третина до 2030 година.

„Доколку сегашниот тренд продолжи, намалувањето на стапката на самоубиства за пет години ќе биде само 12 проценти“, рече Кестел.

Глобално, стапката на самоубиства се намали за 35 проценти помеѓу 2000 и 2021 година, останувајќи стабилна за време на пандемијата на коронавирусот и покрај зголемувањето на факторите на ризик, се наведува во извештајот. Овој пад е забележан во секој регион освен во Северна и Јужна Америка, каде што стапката на самоубиства се зголеми за 17 проценти во истиот период.

Речиси три четвртини (73 проценти) од самоубиствата се случуваат во земјите со ниски и средни приходи, каде што живее поголемиот дел од светската популација.

„Самоубиството е драматична последица од одредени проблеми со менталното здравје“, наведува СЗО и истакнува дека повеќе од милијарда луѓе страдаат од вакви нарушувања, најчесто од анксиозност и депресија, а тој број расте побрзо од светската популација.

СЗО е особено загрижена за проблемите со менталното здравје кај младите луѓе, кои особено страдаа за време на епидемијата на коронавирусот и се многу изложени на социјалните медиуми. „Прилагодувањата на клиниките за ментално здравје е еден од најитните предизвици за јавно здравје“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Самоубиството е четврта водечка причина за смрт кај младите луѓе на возраст меѓу 15 и 29 години, по сообраќајните несреќи, туберкулозата и насилството, покажуваат податоците на СЗО.

Психичките нарушувања имаат и сериозни економски последици: високи трошоци за здравствена заштита, но уште повисоки индиректни трошоци, особено во однос на изгубената продуктивност, а СЗО истакнува дека само депресијата и анксиозноста ја чинат глобалната економија трилион долари годишно.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Муртезани на ГАК во Данска: Копенхашките критериуми се јазикот на демократијата и нашата најсилна гаранција

Следно

Помошниот тренер кој го плукна Суарез: Мислев дека ќе ме гризне

Latest from Blog

Коњановски: Почна изградбата на модерни игралишта во „Даме Груев“

Со почетокот на новата градежна сезона, започна изградбата на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“, проект кој се реализира во рамки на вториот владин повик преку Министерството за образование и

Димитриеска-Кочоска по разговорите со ММФ: Следуваат нови економски чекори

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари конструктивен состанок со извршниот директор во Меѓународен монетарен фонд, Јерон Клик, на кој се разговарало за актуелните економски состојби и предизвиците со кои се соочува земјата.

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во
Go toTop