СВР Битола поднесе кривични пријави против осум лица поради предизвикување пожари

September 24, 2024
1 min read

Секторот за внатрешни работи Битола до Основните јавни обвинителства во Битола, Прилеп, Ресен и Кичево поднесел кривични пријави против осум лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување на општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, сторени во периодот од 15 јуни до 23 септември годинава.

-СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Г.А.(75) од Битола затоа што на 17.08.2024 запалил оган во просторот помеѓу дворот и градината до неговата куќа во с.Облаково, битолско, со намера да го изгори сметот, со што предизвикал пожар. СВР Битола поднесе кривична пријава и против Л.М.(53) од Битола затоа што на 10.08.2024, додека заварувал со апарат за заварување и сечел со брусалка, не го обезбедил местото и од искра предизвикал пожар на сува трева на гробиштата во с.Кременица, битолско, соопшти МВР.

ОВР Крушево, до ОЈО Прилеп, ккао што е наведено во соопштението, поднело кривична пријава против В.Ш.(56) од с.Пуста Река, крушевско, затоа што во дворот истурила пепелник од шпорет со жар, при што настанал пожар на сува трева, кој зафатил и плевна и борова шума над с.Пуста Река.

-ОВР Македонски Брод до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против Т.Д.(57) од Прилеп затоа што на 05.08.2024 бил затекнат на место каде настанал пожар и кај него биле пронајдени предмети со кои го предизвикал пожарот. ОВР Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Г.К.(54) од с.Штавица, прилепско, затоа што на 05.08.2024 запалил сува трева во својот имот, а огнот се проширил и зафатил сува трева во соседните парцели, велат од МВР.

 ОВР Ресен, до ОЈО Ресен поднело кривична пријава против A.М.(43), М.П.(40) од Ресен и Ф.А.(52) од с.Алданци, крушевско. На 16 август 2024 година А.М. поттикнат од второ и трето осомничениот, со шише бензин подметнал пожар кај помошната просторија кај место викано „Старски дом“, каде што живеат повеќе семејства. На тој начин тој го сторил делото „предизвикување на општа опасност“, казниво по член 288 во врска со член 23 од Кривичниот законик. 

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Првата дама на Туркије, Емине Ердоган, ја покажа традиционалната култура на миразот на настан во Њујорк

Следно

Зеленски за Еј-Би-Си Њуз: Поблиску сме до крајот на војната отколку што мислиме

Latest from Blog

Според израелските медиуми, Нетанјаху го одобрил прекинот на огнот во Либан

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелските медиуми објавија дека премиерот Бенјамин Нетанјаху одобрил прекин на огнот со Хезболах во Либан, известува Анадолу. Според веста што ја објави израелската државна телевизија КАН, администрацијата на Тел

40 потрчковци и неврохирургот на Заев, Филипче не можат да донесат ништо ново и добро ни во СДС, ниту во Македонија

Венко Филипче не е ново лице на македонската политичка сцена. Венко Филипче е стар и истрошен лик, облечен во ново руво, наречено претседател на СДС. Филипче е лице кое што на македонската

Детален преглед за состојбата на патиштата

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Повеќе информации може
Go toTop