Светски ден на здравјето: Најголем број од македонските лекари го одбележуваат надвор од Македонија

April 7, 2025
1 min read

За  дел од македонските лекари прославата на Светскиот ден на здравјето е во нивните ордиации во Македонија, а најголем дел од нив денеска одбележуваат низ клиниките во Скандинавските земји и Германија.

Вака ни одговори доктор Бојан Трајковски на прашањето каде и како македонските лекари го одбелеќуваат Светскиот ден на здравјето.

Според него, главната причина поради која лекарите се иселуваат, покрај ниските плати, е и административниот пат кој им создава неизвесност за нивната иднина. 

„Главната проблематика е токму онаа административната потешкотија со која што се соочуваат нашите колеги, таа неизвеснот која што без разлика во која фаза од животот си, без разлика во која фаза од студиите или постдипломските студии или специјалзиација таа неизвесност не прекинува и не можат да бидат сигурни каква иднина ги очекува и покрај тоа што голем дел од приватните специјализанти вложуваат приватни средства од свој џеб кои одат и до 20-30 илјади евра во одреден временски период додека трае нивната специјализација.“ – доктор Бојан Трајковски.

Покрај административни реформи, Трајковски тврди и дека е потребна политичка волја за промени во законските регулативи, кои според него ќе им донесат позитивни промени на приватните специјализанти. 

Реформи за примарна здравствена заштита денеска најави директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски. Тој соопшти дека се воведени пет нови протоколи за примарното здравство, вклучувајќи и кардиоваскуларни болести.

„Фондот воведува нови цели за превенција и рано откривање на малигни заболувања на простата, дебело црево и грло на матка кои треба да делуваат во синергија со превентивните програми на МЗ. Првпат се воведува превентивна цел насочена кон менталното здравје, со посебен акцент на раното откривање на депресија кај млади лица на возраст од 18 до 35 години. Дополнително, се воведуваат мерки за рана дијагноза на крипторхизам кај деца и деформитети на рбетниот столб“

Од владата и минситерството за здарвство најавија дек а е донесена е одлука да се зголеми капитациониот бод за матичните лекари од општа медицина и  гинекологија од 75 на 100 денари и од 61 на 75 денари за стоматолозите.

Инаку, Светскиот ден на здравјето се одбележува на 7 април. Годинава фокусот е на здравјето на новороденчињата и мајките.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На „Олд Трафорд“ имало инцидент: Навивач му удрил шлаканица на Грилиш

Следно

Таравари: Ако четирите партии од Вреди одлучат да формираат партија, им го даваме името, ние остануваме со пет пратеници

Latest from Blog

Половина од ваучерите за клими веќе се кај граѓаните – процесот тече непречено

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека американскиот план за прекин на војната во моментов се разгледува од највисоките власти во Техеран, но нагласи дека размената на пораки преку посредници

ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите?

Во време кога дигитализацијата станува стандард, а не избор, прашањето „дали интернетот е навистина достапен за сите?“ доби конкретен одговор на дводневниот настан што се организираше на ФИНКИ, во рамки на проектот

Откриена шема за „ПУЛС“: Лиценците и фирмарината оделе преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

На вчерашното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку
Go toTop