Светска банка за Македонија: Најлоша економија во регионот и со загрижувачки раст на јавниот долг

October 17, 2024
1 min read

Македонија со најлоша економија годинава, но и во следните две, прогнозира Светска банка. Загрижени се и за влијанието на заемот од Унгарија врз јавниот долг. Од банката очекуваат 2024  да се заврши со скромен раст  од само 1,8 отсто. Ова е пониско од пролетната проекција од 2,5 проценти. Една од причините за ваквите бројки е тоа што, иако се очекувало да започне реализацијата на Коридорите 8 и 10 Д тоа не се случило, вели за ТВ Телма Сања Маџаревиќ Шујстер од  Светска банка.

 -Ако се сеќавате проекцијата беше 2, 5 проценти и надежта беше дека двата автопати ќе започнат, но сега сме на средината на октомври така што немаме многу време има одредени структурни прашања со процесот  на јавни инвестиции тие се многу бавни, а во случајот со Северна Македонија многу повеќе време толку што би се очекувало, вели Сања Маџаревиќ Шујстер за ТВ Телма.

Од Светска банка сметаат дека е ризичен заемот од 500 милиони евра од Унгарија, но и за постапката за повлекување и на новиот заем, исто од 500 милиони евра.

Од банката сметаат дека условите се добри, но се загрижени заради зголемувањето  на јавниот долг кој годинава ќе биде 63, 5  отсто од БДП и за состојбата со дефицитот.

– Ризикот во моментов е доста голем и е дирекно поврзан со фискалната состојба што значи високи дефицит односно продолжениот период на висок дефицит и релативно големото ниво на долг и тоа е особено случај кога ќе ја споредите Северна Македонија со другите земји во регионот. Иако, пред 6 до 7 години земјава беше релативно малку задолжена со релативно стабилни финансии ова веќе не е случај, додава Шујстер. 

Според Светска банка со најголем економски раст оваа година ќе бидат Србија и Косово, по што следи Црна Гора, Албанија па БиХ.

За банката еден од најголемите удари на земјите од регионов е иселувањето. И сугерираат на Владата да се фокусира на подобрување на здравствените  услуги, образованието, корупцијата.

Извор: ТВ Телма 

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Трајков на средби со Бретел и Суперти: Македонија нема време за чекање, не се откажуваме од нашата зацртана цел

Следно

Министерот Мисајловски на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО: Зајакнувањето на соработката со земјите од Индо-пацификот

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop