Светска банка: Од загадениот воздух годишно умираат 2.800 луѓе, власта тврди сериозни сме во битката за чист воздух

December 29, 2024
1 min read

Додека македонските граѓаним мака мачат со загаденот воздух, денеска од Министерството за заштитата на животната средина, соопштуваат дека битката до почист воздух била високо на владината агенда. Од таму тврдат дека доправа, на почетокот на грејната сезона, кога редовно се забележувало повисоки загадувачки супстанции во воздухот, пристапиле кон ‘темелно и прецизно проектирање, развивање и имплементација на решенија за надминување на овој проблем, за кој граѓаните изминативе години покажаа висока загриженост’.

„Изработивме плански документ „Програма против загадување на воздухот 2024-2030“ со цели и проектни пакети со кои се таргетира намалување на емисијата на цврсти честички во градовите во државата. Програмата е темелна, прецизна  и соодветна на конкретните услови и можности. Таа содржи осум сегменти и за секој од нив се предвидени и испланирани проекти и што е од особена важност зададен е рок во кој ќе се почне реализацијата, период во кој таа треба да биде завршена, како и одговорни институции кои ќе бидат задолжени да се стигне до очекуваните резултати“, соопштуваат од МЖСПП. 

Во меѓувреме, метрополата и другите градови во Македонија, речиси потојано се во превите топ десет најзагадени градови во Европа. Активистите вчера го одржаа вториот марш за чист воздух во Скопје.

Протестот кој почна пред Министерството за животна средина и заврши пред Град Скопје каде ВМРО-ДПМНЕ е четири години на чело на градските власти.

Граѓаните бараат нови еколошки решенија, зајакнување на инспекциските контроли, ригорозни казни за загадувачите. Повик мерките да се носат во консултација со експертската јавност.

Граѓаните бараат 24 часа да се следи што испуштаат во воздухот големите индустриски капацитети; јавните, државните институции, болниците да престанат да користат мазут за затоплување, да има јавен превоз да се намали сообраќајниот метеж, да се реши проблемот со депониите. Родителите чувствуваат грижа на совест што нивните деца дишат загаден воздух.

Екоактивистите велат, излегуваме на протест за да се реши проблемот, протестираме за основно човеково право, да дишеме чист воздух.

Податоците на Светска банка покажуваат дека годишно 2.800 луѓе умираат како последица на загадениот воздух. Тоа е и причина за предвремени раѓања, алармираат лекарите. Секое седмо бебе ќе има проблеми со долнореспираторниот систем поради зголемено ниво на ПМ честички во воздухот.

„Врз основа на стручна анализа на причинителите на аерозагадувањето и анализа на проектите за решавање на дел од проблемот во урбаните средини проектирани се степени на реализација, финансиска и временска рамка и надлежни институции. Во Програмскиот пакет се опфатени главните области што влијаат на квалитетот на воздухот: енергетика, индустријата, транспортот, земјоделство и шумарство итн.“, стои во соопштението.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Почина Јагнула Куновска

Следно

ВЛЕН и ДУИ со меѓусебни обвинувања, и едните и другите се залагаат за заштита на интересите на Албанците

Latest from Blog

Wolt: Прогресивен двигател на дигиталната промена во Македонија

Лансирањето на Wolt во Македонија претставува повеќе од појава на уште една апликација за достава, тоа е пресвртница во дигиталната и економската трансформација на земјата. Говорејќи на годишната eCommerce конференција во Скопје,

Предлог закон за замена на македонските возачки дозволи во Република Словенија

Денес, на 28-та редовна седница на Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање на Република Словенија, пратеничката со македонско потекло Сандра Газинковски како предлагач го презентираше Предлог-законот за измени и дополнувања

Конте: Ајнтрахт одигра добро „катанаџо“

Синоќа во рамките од новото коло во Лигата на Шампионите, тимот на Наполи, на чело со нашиот Елиф Елмас во составот на домашен терен одигра само 0:0 против екипата на Ајнтрахт. Иако

Трагедија во Кентаки, САД – најмалку тројца загинати во пад на товарен авион

Ова е застрашувачкиот момент што го потресе Луивил. Безбедносните камери го снимија летот 2976 на УПС, само неколку секунди по полетувањето од меѓународниот аеродром. На левото крило веќе има пламен. Авионот не
Go toTop