ВЛЕН и ДУИ со меѓусебни обвинувања, и едните и другите се залагаат за заштита на интересите на Албанците

December 29, 2024
1 min read

Владејачката коалиција ВЛЕН и опозициската ДУИ, како да го заокружуваат последниот викенд од годината, си дадоа резиме на настаните со кои обвинуваат за лошото владеење, сега и во минатото.

ВЛЕН преку соопштение напиша дека за еден месец била уништена кулата на ДУИ градена две децении со криминал и корупција! Тие ги споменуваат прогласувањето нон грата и бегството на Груби, обвинувањата за малверзации на милиони, одземањето на пасошот на Рамиз Мерко, вмешаноста на албанската младина со палење знаме, корупцијата во Државната лотарија, обидот за враќање на Груевски и така натака…

-Секоја минута додека овие валкани слуги биле на власт им нанесуваа непоправлива штета на Албанците и на нашето национално достоинство. Тие со целото свое битие се посветени на службата на Мијалков и Груевски. Над стотици дискриминаторски и понижувачки дејствија врз Албанците беа извршени од група луѓе кои дејствуваа под логото на партија која веќе е прогласена за нон грата-велат од ВЛЕН.

Интегративците одговорија со список со наслов „5 дена, 5 скандали,, за лоштото владење , каде напоменуваат:

  • Негирањето на официјализираниот албанскиот јазик од страна на спикерот Африм Гаши;
  • Забрана за азбуката;
  • Дискриминаторскиот тест за македонски јазик за директорите на училиштата;
  • Погласувањето за невин на полицаецот кој го сквернавеше албанското знаме,
  • Ослободување на насилниците од 27 април.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Светска банка: Од загадениот воздух годишно умираат 2.800 луѓе, власта тврди сериозни сме во битката за чист воздух

Следно

Мицкоски за последната теренска анкета на ИПСОС направена за партијата: ВМРО-ДПМНЕ има 31%, СДС 8,5%, довербата на граѓаните не обврзува на резултати

Latest from Blog

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop