Светот со „неверување“ проследи дел од разговорот во Овалната соба меѓу Трамп и Ди Венс со Зеленски

March 1, 2025
1 min read

Кога ќе биде подготвен за мир, може да се врати. Доналд Трамп му го испорача условот на Володимир Зеленски под кој може да продолжат разговорите. Пораката доаѓа по катастрофалниот состанок во Белата Куќа.

Украинскиот претседател отпатува во Вашингтон надевајќи се дека ќе успеее да издејствува прекин на огнот со Русија и можен договор за рудното богатство со САД. Но, посетата заврши предвреме.

Оценувајќи го исходото на средбата, украинскиот претседател смета дека тој не добар за ниту една страна. Зеленски, исто така, наведе дека трамп греши кога тврди дека тој никогаш не би потпишал мировен договор со Владимир Оутин, но предупреди дека Украина мора да биде во силна позиција за да го стори тоа.

Големи очекувања имаше во пресрет на средбата, но никој не беше подготвен за она што следуваше. Пресвртниот момент беше тврдењето на потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, дека стратегија била погрешна уште од самиот почеток..

 

На крајот, договорот за ретки минерали не беше потпишан, а пресконференцијата на двајцата претседатели откажана. Советникот за национална безбедност на САД  Мајк Волц и државниот секретар, Марко Рубио побара од Зеленски да ја напушти Белата куќа. Рубио, му порача на украинскиот претседател да се извини, бидејќи средбата во Белата куќа ја претворил во фијаско..

Но, на страна на Зеленски застана поголем дел од Европската унија. Премиерите на Полска и Шпанија, Доналд Туск и Педро Санчез, велат дека Украина не е сама. Британскиот премиер Кир Стармер разговарал со Трамп и Зеленски и вели дека со нетрпение очекува да се сретне со Зеленски на самитот посветен на Украина. Претходно, претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави дека има само еден виновник за моменталната ситуација.

„Има агресор, тоа е Русија, има нападнат народ, тоа е Украина.“ – Емануел Макрон претседател на Франција. 

Коментирајќи ја средбата на Зеленски и Трамп, заменик-претседател на рускиот совет за безбедност и лидер на владејачката партија единствена Русија, Дмитри Медведев, вели дека американската воена помош за Украина сега мора да престане.

„Жесток ќотек во овалната соба.“ – Дмитри Медведев.

Коментирајќи ги последните случувања  меѓу САД и Украина, американските медиуми наведуваат дека администрацијата на Трамп би можела целосно да ја прекине помошта за Украина. Покрај воената и финансиската помош за Киев, на удар би можело да се најде и споделувањето на разузнавачки информации како и обуката на украински војници и пилоти.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Младите од Западен Балкан бараат поголема вклученост во процесите каде се носат политики

Следно

Намалени сообраќајните незгоди со тешки телесни повреди

Latest from Blog

Коди Гакпо и неговата сопруга го загубија синот

Трагедија во семејството на репрезентативецот на Холандија, Коди Гакпо. Тој и неговата сопруга, Ноа ван дер Беј го загубија синот за време на бременоста, и тоа двојката го сподели преку социјалните мрежи.

Над 10.000 граѓани на Мисисипи го тужат Маск: Ѕидовите се тресат, бучавата е неподнослива

Тужбата е поднесена како колективна тужба во име на голем број жители кои велат дека нивниот квалитет на живот значително се влошил од почетокот на работата на енергетските објекти дизајнирани да го

Најбараниот меч на Мундијалот: Пет милиони барања за билети пристигнаа во само 24 часа

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Колумбија и Португалија ќе го играат последното коло од Групата К на Светското првенство во Мајами во недела навечер, од 1:30 часот по македонско време. Тоа ќе биде дуел за првото

Андоновски: Државата бележи историски раст во дигиталните услуги

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски соопшти дека во изминатите две години е постигнат значителен напредок во дигитализацијата на јавните услуги, при што, како што рече, државата бележи силен раст во користењето
Go toTop