Светиот великомаченик Евстатиј Плакида

October 3, 2025
2 mins read

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 септември.

Светиот великомаченик Евстатиј Плакида

Голем римски војсководец од времето на царевите Тит и Трајан. Иако незнабожец Плакида (тоа е неговото незнабожечко име) беше човек праведен и милостив, сличен на капетанот Корнилиј, когошто го крсти апостолот Петар (Дела 10). Еднаш одејќи во лов тој подгони еден елен. По Божја Промисла меѓу роговите на еленот се јави светол крст и дојде глас Господов до Плакида, којшто го упати да отиде кај христинјанскиот свештеник и да се крсти. Се крсти Плакида и неговата жена и нивните двајца синови. На Крштението тој го доби името Евстатиј, жена му – Теопистија, што значи боговерна, а нивните синови – Агапиј и Теопист. По Крштението Евстатиј отиде на истото она место каде што преку еленот му се беше јавило откровението и клекна да Му се заблагодари на Бога што го приведе кон познанието на Вистината. Во тој миг повторно му се јави глас Господов и му предрече страдање за Неговото име и го укрепи. Тогаш Евстатиј тајно го напушти Рим заедно со своето семејство со намера да се повлече меѓу простиот народ и оттаму во тајност да Му послужи на Бога. Кога пристигна во Египет веднаш навалија на него искушенија. Некој зол варварин му ја грабна жената, а обајцата синови му ги фатија ѕверовите и ги однесоа. Но набрзо варваринот загина, а децата му ги спасија од ѕверовите овчари. Евстатиј се насели во египетското село Вадисис и како селски наемник поживеа таму петнаесет години. Потоа нападнаа на римското царство варварите и цар Трајан жалеше што го нема храбриот војвода Плакида, којшто секогаш кога војуваше му носеше победа. И испрати царот двајца од своите офицери да го бараат големиот војвода низ целото царство. По Божја Промисла тие офицери, некогашни другари на Евстатиј, дојдоа во селото Вадисис, го најдоа Евстатиј и го одведоа пред царот. Евстатиј собра војска и ги победи варварите. На патот назад кон Рим ја пронајде жена си и двајцата синови. Кога стигна во Рим, царот Трајан беше умрел, а на престолот беше Адријан. Кога царот Адријан го повика војводата Евстатиј за заедно да им принесат жртви на идолите, Евстатиј му кажа дека тој е христијанин. Царот го фрли на маки заедно со жената и со синовите. Но бидејќи ѕверовите не им наштетија нималку, ги фрлија во усвитен метален вол. Третиот ден ги извадија нивните тела мртви, но неповредени. Така овој славен војвода го даде и царевото на царот и Божјото на Бога и се пресели во вечното царство на Господ.

Тропар

Ветување над тебе о великомачениче Евстатие, исполни Спасителот на сите, низ мноштво патчиња те приведе Оној Кој стана Патот и Животот твој. Вистината ве собра под Крстот тебе, Теопистија твојата жена и децата, со една душа и едно срце да се молите на Христос вашиот Бог, затоа о славни маченици примете и од нас пофалба, и молба да бидете наши застапници пред Господа.

Светиот кнез Михаил и Теодор бојаринот

Черниговскиот кнез Михаил отиде во татарската орда со својот бојарин Теодор на повик од царот Бати. Но бидејќи не сакаа според татарскиот обичај да поминат низ оган и да им се поклонат на идолите при влезот кај царот, ги убија со меч, во 1244 година. Нивните мошти сведочат за нивната маченичка смрт за Господ Христос и почиваат во Архангелскиот храм во Москва.

Тропар

Исповедниче на верата Христова, Михаиле Божји угодниче, царство земно презре, идолопоклонување погази и заедно со Теодор вера вистинита Господова пофали: со уста и ревност пред заблудените, со срце и душа при Господа Бога, кој на венец маченички ве удостои и на вашите молитви нас нe накалеми.

Преподобниот маченик Иларион

Светогорски монах. Драговолно пострада за Христовата вера од Турците во Цариград, на 20 септември, во 1804 година. Неговите чудотворни мошти почиваат во црквата на Преображение на островот Прот.

Тропар

О радост наша, милосрдие Христово за покајана душа твоја, срце очистено од заблуда времена и Царство Небесно со крв маченичка отворено. Иларионе, Иларионе, свет мачениче, од Господ благодат измоли, Име Негово да прославиш, облека твоја да се обели, и за нас молитви сега приложи, пред нозе Негови свети.

Светите исповедници Aнастасиј и Aнастасиј

Ученици на преподобен Максим Исповедник.

Тропар

Господ вистинската Светлина, ја покажа силата на вистината преку учителот наш Максим, о маченици и исповедници Анастасие и Анастасие. Едниот, жив ковчег на благодатта Христова, пројавена преку великиот исповедник, се удостои сострадалник да биде во мачењата, другиот, верен сопатник и маченик, кој постојано се напојуваше од устата која Бога Го славеше. Радувајте се, о вие души мажествени, и за нас на Господа молете се.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Студено време со дожд, снег на планините и на повисоките места

Следно

Постекоглу повтори антирекорд од пред 100 години

Latest from Blog

Мароко по пенал-серијата ја исфрли Нигерија и закажа финале против Сенегал

фото: Afcon (X) Фудбалерите на Мароко остварија победа по пенал-серијата против репрезентацијата на Нигерија, откако регуларниот дел од овој полуфинален меч заврши со резултат 0:0. Во финалето, Мароко ќе се соочи со

Фото: Некој напишал навреди на ѕвездата на Трамп на Холивудската патека на славните

Фотографијата е објавена на „Reddit“ од корисникот „u/yourstruly_chris“, а објавата собрала повеќе од 109.000 гласови „за“. Корисникот, кој се претставил како Крис, изјавил за „Newsweek“ дека ја направил фотографијата на 8 јануари

Сензација во Купот на Кралот, Реал елиминиран од второлигашот Албасете

фото: RNE Deportes (X) Каква сензација во Купот на Кралот приреди второлигашот Албасете. Катастрофалниот Реал Мадрид повторно се посрамоти и доживеа неочекуван пораз од 3:2 во осминафиналето против екипата од истокот на

Трамп: САД имаат многу добри односи со Данска, но Гренланд е стратешки важен за САД

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека САД имаат „многу добри односи со Данска“, но додаде и дека Гренланд е стратешки важен за Америка. „Ни треба Гренланд. Не можам

Сезонскиот грип ја зеде првата жртва, на инфективна хоспитализирани околу 25 пациенти

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје во неделата починала пациентка со грип. На оваа клиника моментално имало хоспитализирано околу 25 пациенти со грип, од нив дел со
Go toTop