Средба на Божиновска со директорот на Енергетската заедница Лорковcки

March 11, 2026
1 min read

Напредокот на државата во реформите во електроенергетскиот сектор, зајакнувањето на енергетската стабилност и сигурност на снабдувањето, интеграцијата на националниот пазар со регионалниот и европскиот енергетски пазар, како и забрзувањето на процесите на декарбонизација и зголемувањето на уделот на обновливите извори на енергија беа во фокусот на денешната работна средба во Скопје меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и Артур Лорковски, директор на Секретаријатот на Енергетската заедница, регионалната организација која го поврзува енергетскиот пазар на Европската Унија со земјите од Југоисточна Европа и го следи спроведувањето на европското енергетско законодавство.

На средбата присуствуваа и Зоран Ѓоргиевски, управителот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – „МЕМО ДООЕЛ“, Скопје и Александар Пауноски, заменик на генерален директор на АД „МЕПСО“, при што се разговараше за клучните реформски чекори во енергетскиот сектор и за напредокот на земјава во процесот на усогласување со европските енергетски политики.

На средбата, информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), беше презентирана реализацијата на тековните енергетски проекти во одделни области, при што беше истакната посветеноста на земјата за забрзување на реформските процеси во енергетскиот сектор.

Министерката Божиновска истакна дека енергетската транзиција и модернизацијата на системот се стратешки приоритети, при што земјава активно работи на создавање стабилен, конкурентен и одржлив енергетски систем.

-Нашата цел е јасна – енергетски систем кој обезбедува стабилност, сигурност и долгорочна одржливост. Реформите што ги спроведуваме не се само обврска кон европската агенда, туку инвестиција во енергетската независност и во економската иднина на државата, нагласи Божиновска.

Директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Лорковски ја потенцирана важноста од продолжување на реформите и продлабочување на регионалната соработка, како клучни предуслови за целосна интеграција на земјите од регионот во европскиот енергетски пазар.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Божиновска се сретна со директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница – Во фокус трансформацијата на македонскиот енергетски сектор

Следно

Трамп доби совети од неговиот тим што побргу да ја заврши војната со Иран- се плашат од една работа

Latest from Blog

Божиновска: Новиот Закон за енергетика ја зајакнува сигурноста и ја забрзува транзицијата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на „IFC Day in North Macedonia“, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка, посветен на

Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, адвокатка и поранешна министерка за правда, одликувана со орден „Витез од редот на Ѕвездата на Италија“

Со декрет на претседателот на Република Италија, Серџо Матарела, на адвокатката и поранешна министерка за правда, Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, ѝ е доделено високото државно признание орден „Витез од редот на Ѕвездата на Италија“.

Проданоски: 10.000 тутунопроизводители од Прилеп добија субвенции

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, соопшти дека се исплатени субвенциите за реколтата од 2025 година за тутунопроизводителите, во вкупен износ од над 2 милијарди денари, наменети за повеќе од 15.000 корисници низ
Go toTop