Сведоштва на преживеани од двата земјотреса во Турција: Мислевме дека се случува апокалипса

February 6, 2023
3 mins read

Вкупниот биланс на жртви во земјотресот во Турција и Сирија, чиј северозападен дел исто така се соочува со сериозен број на загинати од потресот во соседната земја, сега изнесува повеќе од 2 300 луѓе

Денеска во временски интервал помал од 12 часа во Турција се случија два потреси со разорна магнитуда. Првиот земјотрес се случи во текот на ноќта додека луѓето спиеја, а беше со магнитуда од 7,8 степени, што го прави еден од најсилните земјотреси во регионот во изминатиот еден век. Вториот со магнитуда од 7,7 степени според Рихтеровата скала се случи во 13:24 часот по локално време

Мелиса Салман, која живее во Кахраманмараш, изјавила дека живеењето во трусно подрачје значи дека е навикната на потреси, но вели дека она што се случило денеска било првпат да доживее такво нешто. „Мислевме дека е апокалипсата“, рекла Салман за АФП

Турската Агенција за управување со катастрофи попладнево соопшти дека бројот на загинати во разорниот земјотресот што утринава ја погоди земјата се искачи на 1 498 лица, јавува Би-би-си повикувајќи се на информациите на новинската агенција АФП.

Урната зграда во Дијарбакир/Фото: EPA-EFE/DENIZ TEKIN

Со ова, вкупниот биланс на жртви во земјотресот во Турција и Сирија, чиј северозападен дел исто така се соочува со сериозен број на загинати од потресот во соседната земја, сега изнесува повеќе од 2 300 луѓе.

Имено, според податоците на сириското Министерство за здравство, бројот на загинати во областите под контрола на владата во Дамаск се искачи на 430 лица, додека 1 280 се повредени. Во северозападниот дел на земјата, која не е под контрола на сириската влада, волонтерската организација „Бели шлемови“ – која дејствува во тој регион – соопшти дека животите во земјотресот ги загубиле најмалку 380 лица, а стотици се повредени.

Инаку, денеска во временски интервал помал од 12 часа во Турција се случија два потреси со разорна магнитуда. Првиот земјотрес се случи во текот на ноќта додека луѓето спиеја, а беше со магнитуда од 7,8 степени, што го прави еден од најсилните земјотреси во регионот во изминатиот еден век. Потресот бил почувствуван и на островот во Медитеранот – Кипар и во главниот град на Египет, Каиро.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) денеска попладне соопшти дека втор земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погодил округот Елбистан во турската провинција Кахраманмарас. Според извештаите на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, вториот земјотрес се случи во 13:24 часот по локално време. Земјотресот бил на длабочина од два километри, на оддалеченост од 67 километри североисточно од Кахранманмараш.

Турските спасувачи извлекуваат жртви од под урнатини во Дијабакир/Фото: EPA-EFE/REFIK TEKIN

Засега не е познато колкава штета е направена од вториот земјотрес, кој исто така се почувствувал низ целиот регион.

Официјален претставник на турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби изјави дека тоа не бил последователен потрес и дека е независен од земјотресот утринава.

Најмалку 70 загинати веќе беа пријавени низ Кахраманмараш по првиот земјотрес.

Жителите на некои од градовите погодени од денешните земјотреси ги опишаа шокот и стравот од доживеаните и преживеани два големи потреси еден по друг.

Тулин Акаја, која живее во Дијарбакир, околу 290 километри источно од местото каде што се случија земјотресите, за новинската агенција АФП изјавила дека сè уште се обидувала да се смири од шокот по првиот земјотрес кога се случил вториот.

„Толку сум исплашена. Го почувствував толку силно затоа што живеам на горниот кат. Итавме надвор во паника. Сега не можам да се вратам во мојот стан – не знам што ќе се случи следно“,

рекла таа за АФП.

Спасувачки екипи и цивили на терен кај урната зграда во Хама, Сирија / Фото: EPA-EFE/SANA HANDOUT EDITORIAL USE ONLY

Мелиса Салман, која живее во Кахраманмараш, изјавила дека живеењето во трусно подрачје значи оти била навикната на потреси, но дека она што се случило денеска е прв пат да доживеат такво нешто.

„Мислевме дека е апокалипсата“,

изјавила Салман.

Халис Актемур, друг жител на Дијарбекир, беше меѓу првите што пристигнаа на местото на настанот по уривањето на првата голема зграда во градот и им се придружи на другите што помагаа да се извлечат преживеаните од урнатините, пишува Би-би-си.

„Успеавме да извлечеме три лица, но двајца беа мртви. По вториот земјотрес не можам да одам никаде. Мислам дека повторно ќе им треба мојата помош“,

рекол тој.

По двата разорни земјотреси и големиот број жртви и предизвикана материјална штета, голем број земји од светот најавија испраќање на помош во разни форми, од парична помош до специјализирани спасувачки тимови.

Министерството за надворешни работи на земјава денеска соопшти за двајца повредени ученици од С Македонија во првиот земјотрес што утрово го погоди југоисточниот дел на Турција.

Како што информираа од МНР, двајцата повредени ученици заедно со својот ментор/наставник биле дел од деветчлена група која земјотресот ја затекнал во градот Кахраман Мараш, во југоисточниот дел на Турција, каде што престојувале преку програмата „Еразмус плус“.

Инаку, вториот силен потрес што се случи денеска беше со епицентар оддалечен 67 километри од Кахраман Мараш оддалеченост.

Од МНР информираат дека ниту учениците ниту менторот се во животна опасност.

Министерството најави помош за Турција. Како што напиша шефот на дипломатијата на Фејсбук веќе се прават подготовки за испраќање на помошта.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Гази Баба ќе донира за настраданите во Турција и Сирија

Следно

Објавено француско издание на есеите на Горан Стефановски, насловено „Пофалба на обратноста“

Latest from Blog

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Доне Таневски, најголемиот акционер во хотелската групација „Македонија турист“, го намали својот удел од 23,4% на 17,72%, по продажбата на 25.669 акции. Македонска берза ја потврди продажбата, при што Таневски сега поседува

Костадинов: Горд сум што мојот предлог доби преубава реализација

Секој еден градоначалник и политичар треба најпрвин да биде човек, а потоа се останато, напиша градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, на својот фб профифл. Многу сум радосен за прекрасниот почеток на

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Независниот синдикат на одбраната информира дека денес Министерството за одбрана исполни уште една своја обврска од колективниот договор, исплатени се средствата кои беа заостанати од потпишувањето на КД заклучно со јуни. Исплатата

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

Ова е старт, прв чекор во градењето на инфраструктура за електричната мобилност, што е клучно за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето од страна на транспортниот сектор, проблем што е

ОБСЕ: Насилството врз жените е голема бариера за создавање целосна еднаквост во општеството

Истражувањето на ОБСЕ за благосостојбата и безбедноста на жените кое денеска беше презентирано на јавната расправа насловена како „Спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство“, покажа загрижувачки резултати. „Половина
Go toTop