Сведокот Ерол Османи: „Палчо пристигна со бел пикап, забележав вдлабнатина на вратата“

November 20, 2024
1 min read

На денешното рочиште за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, прв сведочеше Ерол Османи, предложен од обвинителството. Османи, кој го познава Љупчо Палевски – Палчо од 2000-тите години, сведочеше за нивната комуникација и средби, вклучувајќи детали за возилото и неговите активности на деновите поврзани со случајот.

„Му помагав на Палчо во издавањето на весникот ‘Глобал’. Бев повикан од уредници да помогнам бидејќи не одеше како што треба. Имам познавања од мрежи и компјутери,“ изјави Османи, опишувајќи го нивниот професионален однос од минатото.

На прашање од обвинителството за средбата на 28 ноември 2023 година, Османи објасни дека Палчо му се јавил претходниот ден и ја одложил посетата заради настинка. „Ми рече дека е настинат и не можел да дојде на 27-ми,“посочи Османи. Според него, Палчо пристигнал кај него на 28-ми ноември со бело возило. „Беше некое пикап бело, мислам француско возило. Забележав вдлабнатина на возачката врата,“ додаде тој.

На прашањето од јавниот обвинител дали Палчо некогаш доаѓал со оружје, Османи одговори: „Не.“ Османи исто така истакна дека нивната комуникација обично се одвивала преку телефон или Фејсбук Месинџер, бидејќи Палчо често не одговарал на телефонските повици.

Во своето сведочење, Османи ги спомена и здравствените проблеми на Палчо, истакнувајќи дека знаел за неговите проблеми со кичмата. „Знам дека имаше последните две години проблем со кичмата, но не ми спомена дека планира патување и лекување,“ рече Османи.

Во вкрстеното испрашување од страна на Палчо, Османи потврди дека на 28-ми ноември имал комуникација со него. „Во 11:42 ми потврди дека ќе дојде. Ми рече дека е на подкаст во живо, ќе ја земе ќерка му од Алкалоид и потоа ќе дојде кај мене,“ објасни Османи.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОСУМ ОПЕРСКИ СОЛИСТКИ ГО СЛАВЕА ПУЧИНИ НА ГАЛА КОНЦЕРТОТ СО НЕГОВИТЕ АРИИ

Следно

Андоновски: Дигиталната трансформација е технолошки двигател на посилна поврзаност и подобра иднина за Европа

Latest from Blog

Девет месеци по новиот предлог, законот никако да се донесе: Претседателката помилува, новите правила на чекање

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, неодамна, на 2 Август – Илинден, помилува 25 осудени лица, но и годинава тоа беше направено врз основа на законските одредби донесени уште во 1993 година. Новите

Сити носи замена за Родри од Франција

Мароканскиот репрезентативец Ајуб Боудади ќе биде замената за легендарниот Родри во тимот на Манчестер Сити. Играчит на Лил, кој што е проценет на 100 милиони евра, летово ги промени националните бои и

Речиси 6 милиони денари промет: Макпетрол повторно во фокусот на инвеститорите

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 11.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,99 поени. Во однос
Go toTop