Свеченост по повод предавањето на акредитацијата на Центарот за обуки од ИАДЛЕСТ

March 13, 2025
1 min read

Во Центарот за обука на МВР во Идризово денеска беше одржана свеченост по повод предавање на акредитацијата од Меѓународната асоцијација на директори на полициски академии за стандарди и обуки (ИАДЛЕСТ), на која свои обраќања имаа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, како и амбасадорката на САД Анџела Агелер.

Како што посочи Мицкоски, владеењето на правото и безбедноста на граѓаните е темелна уставна вредност, затоа, рече, Владата има задача да ја почитува оваа темелна вредност. Премиерот нагласи дека во изминатиот период голем дел од граѓаните се чувствувале како граѓани од втор ред, додека, како што рече, мала група која била тесно поврзана со тогашната коалиција на власт биле граѓани од прв ред.

– Она што ќе се случува во периодот којшто следи подразбира бескомпромисна борба против криминал и корупцијата, нешто коешто го очекуваат граѓаните од нас и од оваа Влада, а нешто коешто, за жал не беше случај во минатото кога најголемиот дел од нашите сограѓани се чувствуваа како граѓани од втор ред, а една мала група којашто беше тесно поврзана со коалицијата на власт, СДСМ-ДУИ беа граѓани од прв ред. Сега нема привилегирање борбата против криминалот и корупцијата е безмилосна и така и ќе продолжи. Мораме да покажеме дека е неисплатливо да се занимавате со криминал и корупција во оваа држава, нагласи Мицкоски.

Амбасадорката Агелер во своето обраќање, пак, рече дека акредитацијата не е само формалност, туку ригорозен процес кој го оценува секој аспект на Академијата, од измени на наставната програма и обуката до објектите и административните практики.

– Акредитацијата не е само формалност. Како што знаете, тоа е ригорозен процес кој го оценува секој аспект на Академијата, од измените на наставната програма и обуката до објектите и административните практики. Денешниот настан е навистина одраз на вашата посветеност да тренирате, едуцирате и да ги изградите идните маргини на оваа земја. Ова достигнување постави висок стандард кој мора постојано да се подобрува и одржува. „Лошите момци“ постојано учат нови начини да го прекршат законот и затоа мора да работите побрзо, нагласи Агелер.

Министерот за внатрешни работи, Тошковски, посочи дека од суштинско значење е Центарот за обука да остане иновативен, нагласувајќи ја потребата на Министерството од ваков Центар, за кој, рече, е неопходен за сите полициски служби и организациски единици.

– Со оваа акредитација правиме уште еден голем чекор напред во етаблирањето на Центарот за обука како врвен, кредибилен и професионално оспособен центар за обука, кој е неопходен за Министерството за сите негови полициски служби и организациски единици, рече Тошковски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски: Само со превенција може да го успориме процесот на прогресија на хроничната бубрежна болест

Следно

ДОКУМЕНТАРЕЦОТ „ПАТУВАЊЕ ПЕШ“ НА ТАМАРА КОТЕВСКА ОД ДЕНЕСКА ИГРА ВО СИНЕПЛЕКС ВО СКОПЈЕ

Latest from Blog

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од
Go toTop