Судскиот совет на „тапет“ од ЕК – сериозна загриженост за надворешно влијание во работата

November 10, 2023
1 min read

реклама


Нема напредок во зајакнувањето на независноста на судството и подобрување на правната рамка за заштита на основните права, ова е општата оценка на најновиот Извештај на Европската комисија во делот на судството. Во овој дел јасно стои дека судскиот систем на Македонија е помеѓу одредено и умерено ниво на подготовка, а особено се задржа на состојбите што се случија во Судскиот совет, прво оставката на Павлинка Црвенковска, а потоа и контроверзното разрешување на претседателката на ова тело Весна Дамева.

„Во ноември 2022 година, претседателот на Судскиот совет поднесе оставка во знак на протест против наводните обиди за несоодветно влијание од судството и бизнис заедницата. Новиот претседател, кој ја презеде функцијата во декември 2022 година, беше разрешен во април 2023 година преку контроверзна процедура, покренувајќи прашања за почитување на законите и процедурите“, се вели во Извештајот.

реклама

Препораката наведена во Извештајот упатува на тоа дека Судскиот совет треба да се залага за независноста на судиите.

„Судскиот совет треба да се залага за заштита на интегритетот и независноста на судиите и институциите и треба да се спротивстават на секое надворешно влијание. Усвојувањето на новата стратегија за реформи во судството доцни, кое треба да има за цел да ги подобри перформансите на институциите“, се додава во извештајот.

реклама

Претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев во интервју за Слободен печат вели дека проблемите во судството се бројни, но дека дополнително се влоши довербата во судството кај граѓаните по изгласувањето на измените на Кривичниот законик.

„Неодамнешните измени на Кривичниот закон, каде како последица застареа многу кривични предмети кои беа пред завршница, се одразуваат дополнително на недовербата во судството, особено што судството, не по своја волја и вина, стана заложник на политиката и мораше само законски да констатира застареност на предметите“, вели Сашко Георгиев.

реклама

ЕК во Извештајот нагласува дека постои сериозна загриженост за несоодветно надворешно влијание врз работата на Судскиот совет и судството, укажувајќи дека треба да се зголеми транспарентноста во процесот на одлучување во Судскиот совет. Во делот на независност и непристрасност, ЕК оценува дека Судскиот совет и Советот на Јавните обвинители, треба да дејствуваат решително за да ја промовираат и заштитат независноста, интегритетот и професионалноста на судиите и обвинителите.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Осум лица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Велес – село Извор

Следно

Меџити апелира да се објават имиња – ОЈО повикува случајот со Онкологија да не се користи за политички цели

Latest from Blog

ЕУ се премисли во врска со забраната за бензински и дизел мотори

Германија слави победа за своите производители на автомобили откако Европската комисија ја олесни планираната забрана за мотори со внатрешно согорување до 2035 година. Сепак, промената на политиката би можела да се покаже

Во Владата на состанок разгледани тековните приоритети од Реформската агенда

Во Владата денеска се одржал состанок за тековните приоритети од Реформската агенда. -Денеска одржавме неделен состанок на тема реформска агенда. На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните

КАКО БИ САКАЛЕ ДА УМРЕТЕ?! Праша Reddit а одговите се… богами има и креативни

Неодамна на популарната социјална мрежа Reddit се појави прашање кое ги прави повеќето луѓе да се чувствуваат непријатно, но Србите покажаа неверојатен спектар на емоции преку своите одговори – од длабока поезија

Мистериозна ЖЕНА БО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат
Go toTop