Судот во Хаг издаде налог за апсење на Путин

March 17, 2023
1 min read

Путин е осомничен за илегална депортација на украински деца, меѓутоа Москва вели дека ништо не ѝ значат одлуките од Хаг и сите потенцијални барања за апсење од страна на меѓународниот суд се ништовни

Меѓународниот кривичен суд во Хаг денеска соопшти дека издал налог за апсење на претседателот на Русија, Владимир Путин, под сомнение за воени злосторства поради неговата можна вмешаност во киднапирањето деца од Украина.

Судот наведе дека Путин е осомничен за воено злосторство илегална депортација на население (деца) и нелегално преселување на население (деца) од окупираните територии на Украина во Русија.

Поради слични обвинувања, судот со седиште во Хаг денеска издаде и налог за апсење на Марија Алексеевна Лвова-Белова, комесарка во Канцеларијата на претседателот на Русија за правата на децата.

Набргу по веста од Хаг, пристигна и реакција од Москва. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави денеска дека одлуките од Хаг немаат влијание врз Русија и дека секој нивни налог за апсење е ништовен.

„Одлуките на Меѓународниот кривичен суд немаат никакви последици за нашата земја, ниту од правен аспект“,

објави Захарова на Телеграм.

Таа додаде дека Русија не е членка на Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд и нема никаква обврска кон тој суд.

Русија, нагласи Захарова, не соработува со таа организација и сите потенцијални барања за апсење од страна на меѓународниот суд се ништовни.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вечерва во 360°: Интервју со Албин Курти – Охрид и Преспа носат симболика на договарање

Следно

МОН: Испитниот материјал за државната матура е соодветен на воспитно- образовниот процес на учениците кои матурираат годинава

Latest from Blog

Николоски од Прилеп: На 11 Октомври македонскиот народ покажа дека е на вистинската страна на историјата

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, денеска во Прилеп положи свежо цвеќе пред спомен-обележјата на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифоски-Питу и

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Протекоа имиња на луѓе што Русите сакаат да ги ликвидираат. Една „мета“ на атентат неодамна беше во Загреб

Европските разузнавачки служби предупредуваат дека Русија ги засилува напорите за атентат врз раководителите на одбранбените компании, поради што компаниите ги зголемуваат безбедносните мерки за своите врвни луѓе. Според информациите од претставници на
Go toTop