Николоски од Прилеп: На 11 Октомври македонскиот народ покажа дека е на вистинската страна на историјата

October 11, 2026
1 min read

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, денеска во Прилеп положи свежо цвеќе пред спомен-обележјата на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифоски-Питу и на Могилата на непобедените, оддавајќи им почит на сите оние кои се бореле против фашизмот и придонеле за создавањето на македонската држава.

По повод празникот, Николоски упати честитка до граѓаните на Македонија, истакнувајќи го историското значење на 11 Октомври и жртвата на македонскиот народ во борбата за слобода.

„Од овде, од Прилеп, сакам да го честитам 11 Октомври – денот кога македонскиот народ покажа дека е на вистинската страна на историјата, кога се крена против најголемото зло што тогаш ја разградуваше Европа и целиот свет – фашизмот. Со својата жртва и со својот пример, покажа дека заслужува држава, заслужува слобода и дека е на страната на оние што ќе бидат победници во Втората светска војна“, порача Николоски.

Тој нагласи дека жртвата на борците е длабоко вкоренета во создавањето на македонската држава и дека слободата во која денес живеат граѓаните е резултат на нивната пожртвуваност.

„Таа жртва длабоко е вкоренета во создавањето на македонската држава, без таа жртва немаше да постои самостојна и независна Македонија, и без таа жртва денеска немаше да ги уживаме плодовите на слободата. Затоа треба да се потсетуваме на истата, и да не мислиме дека е нешто далечно, нешто што се случило одамна и нешто на кое треба да се потсетуваме само кога е годишнина, туку да се потсетуваме постојано, затоа што Македонија и денес е под силни напади. И денеска многумина не и’ мислат добро на Македонија, и денеска се повампируваат одредени идеи, кои не значат самостојност и самобитност на македонскиот народ, македонскиот јазик, македонската нација, култура и македонската држава“, истакна Николоски.

Во своето обраќање, тој посочи дека македонската држава има јасен политичко-правен и историски континуитет, нагласувајќи ја потребата од негово зачувување, при што, како што рече вицепремиерот, државата, но и сите ние мора да одолееме на сите предизвици коишто се случуваат, и на сите негирања и искривувања на историјата коишто некој сака да ги направи.

Одбележувањето на 11 Октомври во Прилеп, градот од каде што започна вооруженото востание во 1941 година, претставува потсетување на историското значење на борбата против фашизмот и на жртвата на генерациите кои се изборија за слободата.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Протекоа имиња на луѓе што Русите сакаат да ги ликвидираат. Една „мета“ на атентат неодамна беше во Загреб

Latest from Blog

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Протекоа имиња на луѓе што Русите сакаат да ги ликвидираат. Една „мета“ на атентат неодамна беше во Загреб

Европските разузнавачки служби предупредуваат дека Русија ги засилува напорите за атентат врз раководителите на одбранбените компании, поради што компаниите ги зголемуваат безбедносните мерки за своите врвни луѓе. Според информациите од претставници на

(ВИДЕО) Патниците со позитивни впечатоци: Градскиот воз доби пофалби за брзината и услугата

Брзината на патувањето и услугата се причините за задоволството на патниците кои го користат градскиот воз, според нивните одговори во видеото објавено на фејсбук-каналот „Да те прашам нешто“. Во видеото, граѓаните одговараат
Go toTop