Закариќ во 93-тата минута му донесе триумф на Вардар против Скопје

October 11, 2026
1 min read

Вардар во драматичен финиш успеа да го совлада Скопје со 1-2, со двата гола на Горан Закариќ, победничкиот постигнат во 93-тата минута од дуелот на „Железарница“. Скопје имаше предност по првиот дел, со голот на Виктор Ангелов, но не успеа тоа да го претвори и во бод или три во пресметката со шампионот.

Во 20-тата минута, првото големо возбудување. Гордиќ шутираше, а Маневски во лизгачки старт топката го погоди во рака. По долга проверка од ВАР собата, каде се гледаше и можен офсајд и можен пенал, беше донесена одлука дека играта ќе продолжи со топка за голманот Талески.

Шест минути подоцна, ФК Скопје дојде во водство. Али Адем се проби по десната страна, уфрли во средината, а Виктор Ангелов успеа да ја затресе мрежата на Вардар.

По примениот гол, вардарци тргнаа поофанзивно, имаше обиди на Данев, Омерагиќ, Пиреш, Матиќ, но Скопје замина со предност од 1-0 на одморот.

Во вториот дел, Вардар продолжи со напади. Кастањеда во 58-та минута имаше одлична шанса, но Наумовски одбрани со нога.
Израмнувањето дојде во 60-тата минута. Пиреш нафрли од левата страна, а Горан Закариќ со удар со глава погоди од непосредна близина.

Пет минути подоцна Омерагиќ беше во шанса, но неговиот удар заврши директно во Кристијан Наумовски.
На спротивната страна убава можност имаше Виктор Ангелов, но одбрани Талески.

Во 81-та минута, Давид Бабунски од слободен удар шутираше во живиот ѕид, а во следната акција Бобан Николов имаше убава шанса, но не ја зафати најдобро топката со удар со глава.

Вардар направи пресврт и стигна до триумф во судиското продолжение. Повторно таличен за шампионот беше Горан Закариќ и повторно со удар со глава во 93-тата минута, по нафрлувањето од левата страна.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски од Прилеп: На 11 Октомври македонскиот народ покажа дека е на вистинската страна на историјата

Следно

​U jepet lamtumira e fundit Egzon e Nafije Bogujevcit në Pozheran të Vitisë

Latest from Blog

Николоски од Прилеп: На 11 Октомври македонскиот народ покажа дека е на вистинската страна на историјата

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, денеска во Прилеп положи свежо цвеќе пред спомен-обележјата на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифоски-Питу и

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Протекоа имиња на луѓе што Русите сакаат да ги ликвидираат. Една „мета“ на атентат неодамна беше во Загреб

Европските разузнавачки служби предупредуваат дека Русија ги засилува напорите за атентат врз раководителите на одбранбените компании, поради што компаниите ги зголемуваат безбедносните мерки за своите врвни луѓе. Според информациите од претставници на
Go toTop