Судот одлучува дали Алвеш ќе биде пуштен од затвор

March 16, 2024
1 min read

Поранешното десно крило на Баија, Севиља, Барселона, Јувентус, ПСЖ и Пумас, Дани Алвеш, неодамна беше неправосилно осуден на четири и пол години затвор за силување. Алвеш е затворен по процесот во кој беше одлучено дека на 30 декември 2022 година силувал 23-годишна жена во ВИП делот на ноќен клуб во Барселона.

Тој е во притвор од 20 јануари минатата година, а судската постапка траеше до 7 февруари годинава. Петнаесет дена подоцна ја дознал пресудата. Алвеш до неодамна со 43 трофеи беше најодликуваниот играч во историјата на спортот, но беше престигнат од поранешниот соиграч Лео Меси.

Шпанска „Марка“ пишува дека бидејќи се работи за неправосилна пресуда, Алвеш би можел да биде ослободен за неколку дена. На 19 март судот во Барселона ќе одлучи дали поранешниот светски фудбалер ќе биде ослободен или ќе остане во затвор. Неговата одбрана побара ослободување, бидејќи нема правосилна пресуда.

Меѓутоа, бидејќи Бразил не ги екстрадира своите државјани, има мали шанси судот да го ослободи, бидејќи Алвеш би можел едноставно да отпатува дома и да ја избегне можноста да биде казнет.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР работи на случајот со хакерскиот напад врз МЕПСО

Следно

ПРОСТЕТЕ И ЌЕ ВИ ПРОСТАТ: Проштевањето е чистење на душата- направете го ова утре за Прочка

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop