Судот го одби барањето на Обвинителството за определување притвор за извршителката Јакимовска

March 22, 2024
1 min read

Судот го одби барањето на Обвинителството за определување мерка притвор за Весна Јакимовска.

Судијата на претходна постапка одлучи наместо притвор да се определи само мерката на претпазливост, информира порталот ИКС кој ја работеше сторијата за извршителката Јакимовска која го нападна новинарот Фуркан Салиу.

По настанот утредента Основното јавно обвинителство Кичево поведе постапка против извршителка за која постои основано сомнение дека ги сторила кривичните дела „спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 1“, „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1“ и „фалсификување или уништување деловни книги од член 280 став 2 од Кривичниот законик“.

Инаку Комората на извршители на Република Северна Македонија попладнево преку соопштение најостро го осуди како што напиша попречување на спроведување на извршувањето спроведено од извршителката Весна Јакимовска од Гостивар.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во терористичкиот напад во концертна сала во Москва загинаа 40 лица

Следно

Мбапе: До почетокот на Европското ќе знам каде ќе играм следната сезона

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop