Судиите избираат двајца нови членови на Судскиот совет

June 6, 2024
1 min read

Судиите денеска гласаат за два нови члена на Судскиот совет, еден од редовите на врховните судии и еден од апелационо подрачје Битола.

На избирачките ливчиња од редот на врховните судии се кандидатите Цветанка Периќ и Исамедин Лимани, а од битолското апелациско подрачје се судиите Александар Камбовски, Татјана Сусулеска – судии на Апелационен суд Битола и Александра Поп Стефанија – судија на Основен суд Охрид.

Судскиот совет не ѝ дозволи на судијката Цветанка Периќ да се повлече од изборите, иако таа поднесе известување дека се повлекува од изборната трка од здравствени причини.

Гласањето за избор на членови на Советот од редот на судиите започнува во 8 часот и трае непрекинато до 15 часот. Судиите гласаат за кандидатите од своето апелациско подрачје, додека врховните судии гласаат за кандидат од Врховниот суд.

Судиите се идентификуваат со судиска легитимација и гласаат тајно.

По затворање на гласачкото место Избирачкиот одбор најдоцна до 18 часот составува записник за текот и резултатот на гласањето и ја известува Комисијата за избор.

Комисијата за избор ги сумира резултатите од изборните места и го утврдува изборниот резултат во изборните единици најдоцна во рок од 48 часа од моментот на затворање на изборите и е должна преку веб страницата на Советот да обезбеди јавноста директно да го следи сумирањето на изборниот резултат.

За избран член на Советот се смета кандидатот што добил најголем број гласови по изборни единици, ако повеќе кандидати добиле најмногу и еднаков број гласови од една изборна листа, изборите за овие кандидати ќе се повторат во рок од седум дена од денот на гласањето.

Согласно Законот за судски совет членовите на Советот од редот на судиите имаат мандат од шест години со право на уште еден избор по истекот на најмалку шест години од престанокот на претходниот мандат во Судскиот совет.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украина повторно ја повикува Кина на учество на мировната конференција во Швајцарија

Следно

Ана Ивановиќ со скромен, а уникатен изглед: Не е потребна голотија за оваа убавица да ги привлече погледите

Latest from Blog

Коњановски: „Офицерски“ станува сцена за нова уметничка енергија

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски присуствуваше на официјалното отворање на „Живо атеље“, како втора фаза од проектот „Симфонија на петте: звуците на Офицерски“, интердисциплинарна ликовна иницијатива која ги обединува едукацијата, креативниот процес

Николоски: Со засилено темпо се градат автопатите на „Бехтел и Енка“, државата отвора простор за максимална динамика на терен

Александар Николоски изјави дека со интензивна динамика продолжуваат градежните активности на автопатските делници што ги реализира компанијата Бехтел и Енка, при што Владата, како што рече, прави сè за да им овозможи

Божиновска во Белград: Македонија станува клучен партнер во енергетската трансформација

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини учествуваше на Belgrade Energy Forum 2026, еден од најзначајните регионални енергетски форуми, каде заедно со министри, претставници на Енергетската заедница, меѓународни институции и водечки експерти

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот ќе го поддржи растот и животниот стандард

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека започнале состаноците со ресорните министри за подготовка на ребалансот на Буџетот за 2026 година. Таа посочи дека процесот се одвива во услови на сериозна глобална

Николоски: Интензивно се гради на Коридорите 8 и 10д, работите на терен во полн замав

На автопатот Гостивар – Букојчани се работи на 11 од предвидените 31 километар, а реализацијата изнесува 60 проценти. На Тетово – Гостивар, пак, се работи на околу 14 километри од предвидените 17,5,
Go toTop