Судењето за предметот „Адитиви“ закажано за 29 мај

May 16, 2025
1 min read

На крајот на месецот ќе стартува судењето за случајот „Адитиви”, информираа од Кривичниот суд. Судењето ќе се оддржи во новата судница во затворот „Идризово”, која иако беше промовирана уште пред 4 години, досега стоеше неупотребена.

– Претседателот на советот, судијата Даниела Димовска, ја закажа главната расправа за предметот КОК бр.73/24 познат во јавноста како „Адитиви“ за 29.05.2025 година (четврток) во 10 часот.

„Обвинетите управители и сопственици на правни лица откако организирале и извршиле пререгистрација на дејност на нивните правни субјекти, како економски оператори – учесници во постапки, меѓусебно се договарале да ги изиграат постапките за набавка на адитив за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и подружница РЕК Осломеј. На начин опишан во диспозитивот на Обвинителниот акт, овозможиле кривично одговорно правно лице да го добие Договорот за јавна набавка за набавка на адитиви против формирање на згура/троска при согорување на јаглен во котел, адитив RPT 601, за потребите на РЕК Битола и на РЕК Осломеј и притоа да се стекне со имотна корист од големи размери во вкупен износ од 397.636.400,00 денари“, пишува во соопштението од обвинителството.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хујсен уште вечерва ќе потпише за Реал

Следно

Со такси минатата година превезени 15,8 милиони патници

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop