Судан: Во судирите во Картум загинаа 17 цивили

June 1, 2023
1 min read

КАРТУМ (АА) – Најмалку 17 цивили загинаа во судирите во јужниот дел на главниот град на Судан вчера, соопштија медицински лица додека продолжуваат борбите меѓу суданката армија и паравоените сили, јавува Анадолу.

Во денешното соопштение Суданскиот лекарски синдикат истакна дека областа Мајо била сведок на силно гранатирање доцна претходната ноќ, при што биле повредени најмалку 106 лица, од кои на 36 им била потребна хируршка интервенција.

Бројот на загинати би можел да биде поголем поради продолжувањето на гранатирањето во главниот град Картум, кој со недели е место на судири меѓу армијата и паравоената група сили за брза поддршка (РСФ).

„Медицинскиот персонал во болницата ‘Башаер’ беше под голем притисок во справувањето со случаите поради нивниот голем број и недостигот на медицински персонал“, се додава во соопштението и се повикуваат останатите лекари и медицинскиот персонал „да помогнат“.

Во судирите што избувнаа во Судан од 15 април загинаа најмалку 863 цивили, а илјадници се повредени, соопшти Суданскиот лекарски синдикат.

Меѓународната организација за миграции (ИОМ) проценува дека повеќе од еден милион луѓе се внатрешно раселени поради судирите.

Завојуваните ривали во Судан во понеделникот се согласија да го продолжат седумдневното примирје, со посредство на Саудиска Арабија и САД, за уште пет дена.

Во последните месеци се појавија несогласувања меѓу армијата и РСФ околу интеграцијата на паравоената група во вооружените сили, клучен услов за транзицискиот договор на Судан со политичките групи.

Судан е без функционална влада од октомври 2021 година, кога војската ја собори преодната Влада на премиерот Абдула Хамдок и прогласи вонредна состојба, потег што политичките сили го квалификуваа како „државен удар“.

Транзицискиот период на Судан, кој започна во август 2019 година по соборувањето на претседателот Омар ал-Башир, требаше да заврши со избори на почетокот на 2024 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ердоган и официјално прогласен за победник во вториот круг претседателски избори во Туркије

Следно

Вјоса Османи: На Србија не ѝ е местото меѓу европските народи

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop