Вјоса Османи: На Србија не ѝ е местото меѓу европските народи

June 1, 2023
1 min read

Пред Османи, официјален пречек на црвениот тепих во Молдавија имаше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој на прашање на новинарите дали ќе се сретне со некои од претставниците на Косово, одговори дека не знае кој од косовските власти ќе присуствува на самитот

Фото: EPA-EFE/DUMITRU DORU

Србија и криминалните структури се одговорни за ескалацијата на насилството во Косово и на Србија местото не ѝ е меѓу европските народи.

Ваква изјава за српски „Данас“ даде косовската претседателка Вјоса Османи од Кишињев, Молдавија, каде што денеска се одржува вториот самит на Европската политичка заедница.

„Србија не ѝ припаѓа на европската заедница“,

вели Османи и додава дека „криминалните структури“ на северот на Косово се наоѓаат на меѓународни потерници и оти српските власти се во многу блиски односи со нив.

Пред Османи, официјален пречек на црвениот тепих во Молдавија имаше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој на прашање на новинарите дали ќе се сретне со некои од претставниците на Косово, одговори дека не знае кој од косовските власти ќе присуствува на самитот.

„Секогаш сум бил лидер кој се залага за мир и правиме многу да ги сочуваме мирот и стабилноста во регионот“,

рече Вучиќ.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судан: Во судирите во Картум загинаа 17 цивили

Следно

ОПЕК побара раат од новинари во Виена

Latest from Blog

Општина Битола: Градот влегува во нова развојна ера со 180 проекти

Општина Битола објави преглед на реализацијата на 180 проекти наменети за развој и унапредување на градот. Според податоците прикажани во општинскиот инфографик, досега се завршени 62 проекти, што претставува 34 проценти од

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се реализира според планот, приходите пораснаа за 8 отсто

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари работна средба со директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова и директорот на Царинската управа Бобан Николовски, на која беше разгледана тековната реализација на

Македонскиот рубин пред меѓународна промоција, се подготвува сертификат за неговото потекло

Македонскиот рубин влегува во нова фаза на заштита и меѓународна промоција, со подготовка на систем за сертификација и утврдување на јасни критериуми за неговото потекло и автентичност. Министерството за енергетика, рударство и
Go toTop