Судан: Силите за брза поддршка убија 22 цивила во Омдурман

June 7, 2024
1 min read

ПОРТ СУДАН (АА) – Најмалку 22 цивила загинаа вчера поради гранатирањето на паравоените сили за брза поддршка (РСФ) во суданскиот град Омдурман, кој се наоѓа северно од главниот град Картум, јавува Анадолу.

Локалниот комитет за отпор на Карари соопшти дека неколку станбени области во Омдурман биле под интензивно артилериско бомбардирање на РСФ.

Болницата Ал-Нао објави дека во бомбардирањето загинале 22 цивила, а 45 се ранети.

Беше нагласено дека бројот на загинати и повредени може да се зголеми.

Во средата РСФ изврши рација во село во државата Ал-Џазира и уби околу 100 луѓе.

Суданскиот совет за суверенитет ја обвини РСФ дека го извршила масакрот, а РСФ објави дека нападнале три кампа во кои биле сместени војници, разузнавачи и војници доброволци.

Клементинe Нквета-Салами, постојана и хуманитарна координаторка на ОН за Судан, изрази шокираност од извештаите за интензивни напади и голем број жртви во селото Вад Ал-Нора во државата Ал-Џазира.

Таа повика на темелна истрага за тоа што се случило и одговорните за овие злосторства да одговараат.

Откако војната започна во средината на април 2023 година и се прошири во повеќето судански држави, армијата ја задржа контролата во северните и источните држави, а РСФ во западните и јужните држави.

Обидите да се стави крај на конфликтот преку преговори во Џеда со посредство на Саудиска Арабија и Соединетите Американски Држави, мировната иницијатива предводена од соседните земји предводени од Египет, напорите на Меѓувладината управа за развој во Источна Африка и разговорите во главниот град на Бахреин, Манама, не даде резултати.

Според ОН, во конфликтот во Судан загинаа повеќе од 16.000 луѓе, раселени се околу 8,7 милиони луѓе, а повеќе од 25 милиони луѓе имаат потреба од хуманитарна помош, што го прави една од најголемите кризи со раселување и глад во светот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Негрижа за државните имоти и урбанистичко дивеење

Следно

Истанбул: На Фестивалот за култура и етноспорт оддадена им е почит на убиените деца во Газа

Latest from Blog

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.
Go toTop