Студија: Циклоните поврзани со порастот на хоспитализации поради срцеви заболувања

August 2, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Тропските циклони се поврзани со наглиот пораст на кардиоваскуларните хоспитализации, покажа австралиско-новозеландска студија, објави денес Радио Нов Зеланд, пренесува Анадолу.

Истражувачи од универзитетите во Монаш и Отаго анализирале болнички записи од шест земји и региони – Нов Зеланд, Канада, Јужна Кореја, Тајван, Тајланд и Виетнам – во периодот помеѓу 2000 и 2019 година, како и податоци од 124 циклони.

Тие откриле дека хоспитализациите поради кардиоваскуларни заболувања го достигнуваат својот врв два месеци по удар на циклон, а растот може да трае и до шест месеци.

Истражувачите, исто така, откриле дека влијанието е зголемено во социоекономски проблематичните подрачја.

„Студијата покажува дека покрај тоа што директно предизвикуваат непосредна смрт и повреди, екстремните климатски случувања можат да имаат важни индиректни здравствени влијанија во текот на наредните месеци“, изјави истражувачот Сајмон Хејлс од Универзитетот Отаго.

„Овие одложени, индиректни здравствени влијанија се должат на оштетување на инфраструктурата и нарушување на егзистенцијата по големите бури“, додаде тој.

Со оглед на тоа што се очекува климатските промени да поттикнат почести и поинтензивни бури, Хејлс предупреди дека здравствените системи треба да се адаптираат.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија ги слави двата Илиндена – Силјановска: Ние сме чеда на Гоцевата визија за обединета Европа

Следно

Оживување на античката слава: Театарот во античкиот град Асос во Турција стар 2.200 години подготвен за реставрација

Latest from Blog

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

СДС е „кукла на конци“ под диктат на Заев, со пропадната ПР стратегија од Башановиќ и Шчекиќ, Филипче е без кредибилитет и ја води партијата кон исчезнување

СДС како партија е „кукла на конци“, која се движи според агенда поставена од други, наместо од сопственото членство или јавностa, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на претседателот на СДСМ Венко Филипче.
Go toTop