Оживување на античката слава: Театарот во античкиот град Асос во Турција стар 2.200 години подготвен за реставрација

August 2, 2025
1 min read

ЧАНАККАЛЕ/АНКАРА (AA) – Проектот за реставрација на 2.200-годишниот театар во античкиот град Асос во Западна Турција е при крај, со што местото ќе стане една од најважните културни дестинации, јавува Анадолу.

Сместен во границите на селото Бехрамкале во округот Ајваџик во Чанаккале, значајниот антички пристаништен град е познат како „центар на учењето“.

Асос, кој се наоѓа на падините и врвот на вулканскиот рид со поглед на островот Лезбос, е основан во јужниот дел на регионот познат во антиката како Троада и служел како дом на многу цивилизации низ вековите.

Познатиот филозоф Аристотел тука основал филозофско училиште, во кое спровел важни истражувања во зоологијата, биологијата и ботаниката. Ископувањата на локалитетот, заштитен со градски ѕидови и поткрепен со кружни и квадратни кули, се во тек од 1980 година.

Античкиот град има театар, агора (јавен плоштад), булевтерион (куќа на Советот), пристаниште, некропола (гробишта) и гимназиум (атлетски објект). Храмот на Атена, кој се наоѓа во рамките на локалитетот, се смета за еден од најстарите храмови во дорски стил во Анадолија, изграден за време на архајскиот период.

Асос бил прв антички град откриен од американски археолози на почетокот на 19 век. По долга пауза ископувањата продолжиле во 1981 година, а во тек е 44. сезона на ископувања предводени од турски истражувачи.

Во разговорот за Анадолу, раководителот на ископувањата во Асос, проф. Нуретин Арслан, изјави: „По добивањето одобрение од надлежните органи, реставрацијата на театарот најверојатно ќе започне оваа година.“

„По реставрацијата, локалитетот може да стане една од најважните културни дестинации во Чанаккале и низ целата земја, каде што ќе се одржуваат театарски претстави и концерти во текот на летните месеци“, рече Арслан.

„Меѓу античките градови во Чанаккале, Асос се издвојува како добро зачуван пример. Откако театарот ќе биде целосно реставриран, тој ќе стане значајно место за одржливи општествени настани“, додаде тој.

– Театарот во Асос –

Театарот во античкиот град Асос, изграден на природна карпеста падина јужно од агората, има распоред во форма на потковица типично за грчките театри.

Изграден кон крајот на 4 век пр.н.е. се користел и за време на римскиот период со различни модификации.

Поради гладијаторските и борбите со животини што се одржувале за време на римската ера, на долните места за седење биле додадени огради за да се заштитат гледачите. Некои седишта биле резервирани за локалните трговски еснафи, каменоресците, ковачите и кожарите. Еден од погорните редови бил наменет за обожавателите на египетското божество Серапис.

Јужно од оркестарот се наоѓа двокатна сценска градба (проскенион). Само полустолбовите пред проскенионот биле направени од мермер, а остатокот од градбата бил изграден од андезит.

Некои делови што недостасувале од театарот биле реставрирани за време на конзерваторските работи извршени во 1990-тите години.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Студија: Циклоните поврзани со порастот на хоспитализации поради срцеви заболувања

Следно

Бендевска: Нашиот четврт Илинден е членството во ЕУ

Latest from Blog

ПОЗНАТА ШЕМА? Погледнете што CNN забележа на Flight Radar околу Куба

Летовите на американската воена разузнавачка служба покрај брегот на Куба нагло се интензивираа, се наведува во анализата на CNN на јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај. Од 4 февруари, морнарицата и воздухопловните

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска
Go toTop