Македонија ги слави двата Илиндена – Силјановска: Ние сме чеда на Гоцевата визија за обединета Европа

August 2, 2025
1 min read

Централната прослава на Илинден се одржа на „Мечкин Камен„ каде беше претседателката Гордана Силјановска Давкова, која најпрво положи цвеќе на гробот на Никола Карев. Во своето обраќање рече дека како храбар и миротворен народ, секогаш сме биле на страната на слободата, на антифашизмот и дека сме потомци на Гоцевата визија.

-Ние не сме стебло без корен, нашата слобода и нашата Република се вкоренети во европската пролет на народите, во демократските и хумани визии на млада Европа. И затоа на оној што ќе ни рече вие сте млад народ со млада држава ќе му одговориме дека сме чеда на Гоцевата визија за млада Европа, обединета Европа и за светот како поле за културен натпревар на народите, изјави Гордана Силјановска Давкова, претседателка.

Од историското Крушево честитки за празникот и почит кон оние кои ги дадоа своите животи испрати и претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче. Тој повика на заедништво, а не на поделби.

-Мораме уште многу и напорно да работиме за конечно да станеме дел од Европа каде што припаѓаме и цивилизациски и културно и географски. Мораме да работиме сите заедно и да ги оставиме настрана и поделбите и квалификациите на патриоти и предавници, изјави Венко Филипче, претседател на СДСМ.

Чествувања се одржаа и во Скопје каде голем број делегации предводени од владината со премиерот Христијан Мицкоски положија цвеќе на споменикот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев пред Собранието, на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“ и на споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто.

-Овој ден нека не потсетува на жртвата која што генерациите ја оставиле за да може нашата генерација да го има ова што денеска го имaме , а тоа е слободна, независна држава Македонија. Нека нивната жртва не потсетува каква држава треба да оставиме на генерациите кои што следат после нас, држава во која што имаме среќни граѓани, држава која што ќе биде просперитетна, држава која што ќе биде татковина на сите без разлика на етничката припадност, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Одбележување на 81-та годишнина од Првото заседание на АСНОМ се одржа во Меморијалниот центар во Пелинце со делегацијата предводена од потпретседателката на Собранието Весна Бендевска. Таму требаше да биде собранискиот спикер Африм Гаши, но поради здравствени проблеми не отиде. Тој испрати порака дека 2 август е симбол на историската борбата за слободно, еднакво и демократско општество.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Околу 30 илјади патници минале на „Ќафасан“ во последните три дена

Следно

Студија: Циклоните поврзани со порастот на хоспитализации поради срцеви заболувања

Latest from Blog

Лансирањето на американските акции на Binance веќе го надминува пазарот на токенизираните акции

Проширувањето на Binance кон американските акции брзо добива на размер и веќе го надминува постојниот пазар на токенизирани акции и по опфат и по трговска активност. Нов пазарен преглед на CoinDesk покажува

Станарите од „Васко Карангелески“ покажаа како се гради култура за селекција на отпад

Станарите од зградите на улицата „Васко Карангелески“ бр.125, кај касарната во Прилеп, со сопствена иницијатива и креативна идеја го разубавија просторот пред нивната зграда и овозможија организирано контејнерско собирање на отпадот. Откако

Пресврт во случајот „Пулс“: Лиценцата од 2012 е издадена за друг објект, покажуваат доказите

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, Јавното обвинителство продолжи со изведување на докази кои се однесуваат на постапките во Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат. Пред судот беа презентирани записници, барања,

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и
Go toTop