Студија: Од 2000 година, глечерите изгубија над 6,500 милијарди тони мраз

February 20, 2025
1 min read

Глечерите загубиле вкупно 6,542 милијарди тони мраз помеѓу 2000 и 2023 година, што придонело за зголемување на нивото на морето за 18 милиметри, покажува ново истражување објавено во списанието Нејчр (Nature), пренесува ДПА.

Според анализата во рамки на проектот Glacier Mass Balance Intercomparison Exercise (Glambie), глечерите годишно губеле во просек по 273 милијарди тони мраз.

Глациологот Михаел Земп објасни дека „за споредба, оваа количина на мраз е еднаква на она што светската популација би го консумирала за 30 години, ако секој човек дневно троши по три литри вода“.

Истражувачите утврдиле дека од 2010 година, глечерите загубиле околу 5 проценти од својот вкупен волумен, при што Централна Европа забележала шокантно намалување од 39 отсто, додека Антарктикот и субантарктичките острови изгубиле околу 2 отсто.

Во втората половина на анализираниот период (2012-2023), загубата на мраз била за 36 отсто поголема во споредба со претходната деценија.

Научниците предупредуваат дека топењето на глечерите не само што го зголемува нивото на морето, туку и ја намалува достапноста на свежа вода.

– Глечерите се витален извор на свежа вода, особено за локалните заедници во Централна Азија и Андите, каде што тие обезбедуваат вода во топлите и сушни сезони, изјави глациологот Инес Дусајант.

Научниците истакнаа дека идните загуби на глечерска маса ќе зависат од емисиите на стакленички гасови, а досегашните истражувања укажуваат на забрзано топење до крајот на векот.

– Ова уште еднаш ја потврдува итноста за намалување на емисиите со цел да се ограничи влијанието врз глобалното ниво на морето и достапноста на вода, предупредија научниците.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Одлуките за ограничување на маржите и замрзнување на цените објавени во „Службен весник“

Следно

Спасувачка операција во Србија: Извлечен маж по осум часа под урнатини (ВИДЕО)

Latest from Blog

Авион на „Рајанер“ удрил во цистерна на аеродромот во Единбург, патниците евакуирани

Авион на ирската авиокомпанија „Рајанер“, на лет за Португалија, денеска удрил во цистерна за гориво на аеродромот во шкотската престолнина Единбург, поради што патниците биле евакуирани, соопшти портпарол на аеродромот, додавајќи дека

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава, шпекулативно ја отвориле медиуми од Обединетото Кралство, и тоа не само
Go toTop