Студентски отпор не се согласува со новиот начин на исплата за субвенционираниот оброк

August 11, 2023
1 min read

реклама



„Студентски отпор“ не се согласува со новиот начин на исплата на субвенционираниот студентски оброк.

Оттаму во објава на „Фејсбук“ посочуваат дека 140 денари дневно е мала сума за квалитетен оброк и дека голем дел од угостителските објекти во близина на кампусот на УКИМ не поседуваат терминали за плаќање со картички. 

реклама

– На еден месец пред почетокот на академската година, се уште не е утврдено на кој начин, на кои места и во кое време ќе може да се користат средствата? Како што и претходно баравме, така и овој пат, сметаме дека согласно инфлацијата 140 денари дневно е мала сума за еден квалитетен оброк. Според предвиденото оброкот ќе може да го користиме само со картичка, а голем дел од угостителските објекти кои се наоѓаат во близина на кампусот на УКИМ не поседуваат терминали за плаќање со картички, се наведува во објавата.

Велат дека не се согласуваат со тоа средствата да не можат да се искористат следниот ден ако не се искористени истиот ден кога се префрлени.

реклама

Исплатата на студентскиот оброк за оваа студентска година ќе се врши преку специјална кобрендирана картичка, која „Шпаркасе Банка“ ќе ја издава во соработка со Министерството за образование и наука. Средствата во износ од 140 денари, студентите ќе може да ги користат кај правни лица што произведуваат, подготвуваат или продаваат храна и прехранбени производи. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Курти: Северна Македонија што поблиску до Косово, Албанија и Бугарија, а подалеку од Србија на Вучиќ

Следно

„Студентски отпор“ не се согласува со новиот начин на исплата за субвенционираниот оброк

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства
Go toTop