Студентски маки, подобар студентски стандард, услови во домовите и стипендии, како до нив?

June 27, 2024
1 min read

Новата влада ветува дека ќе има промени во образованието но за се треба време. Студентите бараат промени во образовниот процес но и на менување на начинот на размислување.Дел од нив сметаат дека за промени е потребна интеракција помеѓу институциите и младите, исто така посочуваат дека фали и дека е потребна промена во соработка со професорите и студентите.

Подобри услови во студентските домови, навремена исплата на стипендиите, повисок и поквалитететн студентски оброк се само дел од барањата на студентите. Велат проблемите се наталожени со години и мора итно да се решаваат, бидејќи идните академски граѓани се лицето на државата и треба да имаат достоинствени студентски денови. Велат значајно е улогата на студентот да се смени, таа да биде проактивна а не пасивна.

На стартот на својата работа новата министерка за образование Весна јаневска најави образовна офанзива, која покрај со нови наставни програми за основците и средношколците, јавни дебати и средби со синдикатите ќе ги опфати и студентите и високото образование. За студентите и помошта на учениците како што кажа се прават анализи и пресметки зошто не е исплатена. Таа посочи дека уште пред да стане министерка побарала трпение за одредени проблеми кои како што вели ќе се надминуваат чекор по чекор.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хрватска атлетичарка откри дека сопругот ја изневерува откако известуваше во емисија (ВИДЕО)

Следно

ЕУ и Украина потпишаа договор за заеднички безбедносни обврски

Latest from Blog

Половина од ваучерите за клими веќе се кај граѓаните – процесот тече непречено

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека американскиот план за прекин на војната во моментов се разгледува од највисоките власти во Техеран, но нагласи дека размената на пораки преку посредници

ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите?

Во време кога дигитализацијата станува стандард, а не избор, прашањето „дали интернетот е навистина достапен за сите?“ доби конкретен одговор на дводневниот настан што се организираше на ФИНКИ, во рамки на проектот

Откриена шема за „ПУЛС“: Лиценците и фирмарината оделе преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

На вчерашното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку
Go toTop