Студентите на УКИМ се соочуваат со дополнителни 6000 денари годишно за „материјални трошоци“

January 31, 2025
1 min read

И до 6000 илјади денари годишно се бараат од студентските џебови за да се покријат „материјални трошоци„ на факултетите каде што учат.

Од Студентското собрание на УКИМ категорично против потрошниот материјал за реализација на студентските програми и за работењето на високообразовната установа, да падне на грбот на студентите. Тие се повикуваат на Законот за високо образование каде комуналните трошоци на јавните високообразовни установи во целост се надоместуваат од државниот буџет. 

Од Форумот за образовни промени со критики до факултетите за лошиот студентски страндард, велат – сите дополнителни трошоци и давачки за време на една академска година на УКИМ достигнуваат сума блиска до 500 евра.

Министерката Јаневска, пак, тврди дека Министерството нема ингеренции да постапува за тековните трошоци на факултетите на УКИМ, но се надева дека има простор за договор помеѓу студентите и факултетите.

Од студентското собрание на УКИМ како и од Форумот за образовни промени апелираат до студентите да не уплаќаат за вакви трошоци на сметките на факултетите се додека не се одржи лична средба со министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министрите за надворешни работи на Туркије и Русија разговараа за Сирија и случувањата во регионот

Следно

Бојкот на маркети и производи низ Балканот

Latest from Blog

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. Каранфилова

Покетино:„Ми недостига Англија и фудбалот во Премиерлигата!“

ФОТО:.facebook.com/officialussoccer Во последните денови,селекторот на САД, Маурицио Покетино, беше поврзуван со менаџерски позиции во Тотенхем и Манчестер Јунајтед. Тој призна дека му недостига фудбалот во Премиер лигата. Аргентинецот досега раководел со три
Go toTop