Струшката носија за влашка млада невеста ја доби првата награда на фестивал во Србија

October 7, 2024
1 min read

Носијата за млада невеста од збирката на стружанецот Љупчо Милошески ја добри првата награда на фестивалот „Бисерна грана“ во Нови Сад, Србија во категоријата „Награди за странски држави“.

Носијата, како што информира за МИА, Милошески, е од етничкиот предел Струшки Дримкол и припаѓала на етничката група Власи „Фашарјоти“, од селото Горна Белица.

На 17. издание на Фестивалот во Нови Сад, учесниците се натпреварувале во две категории, односно за народни носии од Србија и за народни носии од други држави.

– Задоволство ми е што во конкуренција со сериозни колекционери и собирачи на народни носии, меѓу 50-тина ревијалци, токму носијата од мојата колекција го освои првото место, изјави Милошески.

Носии од неговата колекција, трет пат се дел од фестивалот „Бисерна грана“, а втор пат се враќа со награда.

– Се работи за една сериозна манифестација, на која главниот збор го има четири члена жири комисија од етнолози и познавачи на народните носии, позната во Србија и регинот меѓу собирачите на народни носии, истакна Милошески, нагласувајќи дека е убаво чуството кога се вреднува и препознава трудот.

Покрај наградената носија, на Фестивалот во Нови Сад, биле презентирани и презентирав и носии за невести од етничките предели: Дебарско Поле и Голо Брдо – село Дренок од колекцијата на Милошески. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче: Крива Паланка добива пет нови мостови

Следно

Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор меѓу Македонија и Србија

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop