Струшката болница се соочува со дефицит на кадар

December 14, 2024
1 min read

Болницата за нефрологија од Струга која минатата година ја закоружи со извршени преку 16 илјади хемодијализи ги подобрува условите за пациентите.Но како и многу други здравствени установи во државава се соочува со дефицит на кадар.

Според менаџментот на болницата недостигаат лекари, медицински сестри болничари и хигиеничари.

Неодамна во болницата се извршија неколку градежни зафати преку проект на Министерството за локална самоуправа во соработка со Швајцарската влада во висина од 26 милиони денари. Освен подобри услови за граѓаните и персоналот,надлежните очекуваат развој и на здравствениот туризам после вложувањата и во вториот објект на болницата попозна како  Холидеј дијализа лоциран на брегот на езерото. 

Инаку зградата на Струшка дијализа е изградена во 1984 година, а изминативе 40 години реконструиран е само покривот.Од основањето до денес се направени преку милион хемодијализи. Овде се лекуваат и македонските државјани но доаѓаат и пациенти од соседните земји.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Руанда кандидат за организација на Формула 1 трка

Следно

Настани кои го одбележаа денот: Нови 600 вработувања во МВР, инвестиции во енергетиката, историски највисока откупна цена на тутунот

Latest from Blog

Собослаи ќе добие нов договор во Ливерпул и ќе биде нов капитен

фото: LFC (X) Доминик Собослај е еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул од почетокот на сеозната, па клупското раководство веќе размислува да му понуди нов договор. Капитенот на унгарската репрезентација наскоро ќе

Ѓорѓиевски: За 72 часа ќе видиме резултати од големата акција во Скопје

Започна големата акција за чистење на главниот град, со која во следните 72 часа се очекува Скопје да добие нов, почист и поуреден изглед. Ангажирани се екипи од јавните претпријатија, механизација, камиони

САКАЛ ДА СЕ БАЊА ВО БАЗЕН, ПА СЕГА ПЛИВА ВО ЗЛАТО Французин во својот двор открил златни прачки и монети

Французин открил богатство вредно речиси 700.000 евра додека копал базен во својата градина, а властите му дозволиле да остена кај него бидејќи оцениле дека е легално стекнато. Тој пронашол „5 златни прачки

Почина „Живата Барбика“ – поминала низ 27 операции за да личи на славната кукла (ФОТО)

Веста за нејзината смрт ги шокира милионите луѓе низ целиот свет, особено нејзините следбеници кои со години ја следеа нејзината трансформација и јавниот живот. Според странските медиуми, полицијата започнала истрага за околностите
Go toTop